Северина и Саша Матиќ со љубовна балада

27 октомври, 20140
Северина и Саша Матиќ со љубовна балада

Хрватската пејачка Северина Вучковиќ денес го промовираше видео записот за долгоочекуваниот дует со српскиот пејач Саша Матиќ.

Песната со наслов „ More tuge“ е емотивна балада, која наскоро се очекува да стане голем хит. На FB страната на Северина дуетот беше најавен со зборовите „Убава песна за слушање и за удирање на главата од ѕид во определени ситуации…“

-Презадоволен сум од соработката со Северина, а со оглед на тоа дека е во прашање моја композиција едвај чекам да ја слушнам оцената на публиката. Оптимист сум пред се бидејќи верувам во квалитетот, а и во тоа дека ние двајца сме добитна комбинација, изјави Матиќ.

Погледнете го спотот и откријте дали е навистина така.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *