Алпска диета: Стопете ги масните наслаги, без млитава кожа и пропаднато лице

27 ноември, 20140
6

Алпската диета е прикладна за сите оние на кои им одговара следниов ритам: Се држи по една седмица секој месец, во текот на половина година или цела. Но резултатите се подобри од било која друга диета што може да ви ги понуди затоа што: Со оваа диета ќе немате подоцна проблем со млитава кожа, пропаднато лице и влошена крвна слика.

Предлог за дневно мени во три варијанти кои можете да ги комбинирате по желба:

Прв појадок:

А. Чаша млеко, 1 јајце, црн леб 50 гр,

Б. Кафе со млеко, 100 гр шунка, 50 гр црн леб,

Ц. Кафе со млеко, 2 јајца, 100 гр црн леб, неколку ротквици.

Втор појадок:

А. Јаболко,

½ чаша сок од зеленчук,

Ц. Овошје 100 гр.

Ручек:

А. Сок од морков, печена немасна риба 200 гр, зелена салата и 100 гр печен или варен компир,

Б. Кефир, печен телешки стек 200 гр, варен компир 100 гр зачинет со сецкан свеж магдонос, кисела зелка, цвекло,

Ц. Сок од зеленчук, печено или варено пилешко 250 гр, печен компир 100 гр, салата од морков, спанаќ.

Вечера:

А. Нискомаслено свежо сирење 100 гр, салата од домати и ротквици, интегрален леб 50 гр, зелен чај без шеќер,

Б. Печена риба 100 гр, зелена салата, црн леб 50 гр, чај од шипка без шеќер,

Ц. 100 гр урда, црн леб 50 гр, сок од домати.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *