Диета со компир и сирење: Намалувате по 1 килограм на секои 2 дена

6 февруари, 20150
23

Потпечени или пак заедно измешани во салата, компирот и сирењето се неверојатен спој. Овие намирници се богати со белковини и со аминокиселини. Протеините се неопходни за обновување на мускулите и ткивото. Белковините ги има во јајцата, мелечните производи, рибата, телешкото месо, а во помала мера и компирот. Затоа е одлична комбинацијата на белковини од растително и животинско потекло. Комбинирајте компир со млечни производи и компир со јајца и секој ден ќе имате половина килограм помалку.

Во текот на диетата пијте најмалку 2 литри вода, незасладен чај и 1 шоља кафе дневно. Оваа диета предвидува 5 на ден: доручек, 2 ужинки и 2 оброка по избор.

Идеи за доручек:
1 портокал и 2 тоста од интегрален леб, со тоа изедете и 40 грама посна шунка или 50 грама пилешко месо со 2 парчиња сирење.
200 калории, 4 грама масти и 20 грама јаглехидрати

Претпладневна ужинка:
1 киви
48 калориии 1 грам јаглехидрати
Ручек и вечера:
Јадење со компир и сирење
Попладневна ужинка:
250 мл млеко помешајте со супена лажица трици.
90 калории, 1 грам масти и 9 грама јаглехидрати

Рецепти за јадења од копмир и сирење:
Печен компир со сирење: Во загреана тава ставете 30 грама сланина, додадете маслиново масло,1 ситно исецкано чешне лук, 200 грама компир исечеан на коцки и печете го додека не стане крцкав. Посипете ги со 50 грама младо рендано сирење и поклопете го садот за сирењето да се стопи. Со тоа сервирајте и 3 мали патлиџани, прелиени со маслиново масло.
360 калории, 15 грама масти и 36 грама јаглехидрати

Крем супа од компир и сирење: Во 3 дцл. вода сварете 200 грама исечкан компир, 100 гр. морков и прстофат мајчина душица. Изблендајте го варениот зеленчук, ставете на тивок оган 50 грама младо сирење или моцарела и зачинете ја со магдонос.
330 калории, 10 грама масти и 40 грама јаглехидрати

Компир во лушпа со топено сирење: Измешајте2 супени лажици кисела павлака со исецкан магдонос. Сварете 1 поголем компир заедно со лушпата и откога ке се олади прелијте го со павлаката. Додадете 50 грама стопено сирење и сервирајте со салата од краставица и рен.
360 калории, 16 грама масти и 31 грам јаглехидрати

Холандска салата: Исецкајте 200 гр. варен компир, 40 гр. сирење, 1 краставица и 30 гр шунка. Измешајте ги со прелив од 2 лажици маслиново масло, малку сенф и јаболков оцет. Смесата сервирајте ја на лист од марула и посипете ја со магдонос.
350 кал, 14гр масти и 34 гр јаглехидрати

Печен компир ’’МАЈНЦ’’ : Измешајте 2 лажици маслиново масло со 1 лажица јаболков оцет, додадете сол, бибер и ситно исецкан лук. Исечете посно сирење на тенки парчиња и прелијте го со смесата,  исецкајте 200 гр варен компир на коцки и испечете го. Сервирајте го заедно со сирењето и додадете рен.
360 кал, 9гр масти и 31гр  јаглехидрати

Италијанска компир салата: Исечкајте 200 гр. варен компир на кругови, 2 поголеми домати и 50 гр. кравјо сирење. Наредете ги состојките на чинија за сервирање и посипете ги со маслиново масло, лимон или вински оцет, зачинете ги со зачин по желба и додадете им магдонос или босилок.
350 кал., 14 гр. Масти и 32 гр. јаглехидрати

Компир во рерна: Во сад подмачкан со масло наредете 200 гр компир исечкан на тркалца. Зачинете ги со мајчина душица, мешан зачин и сол. Врз нив  ставете тенки парчиња сирење и печете ги се додека сирењето не почне да се топи. Потоа додатете им магдонос и послужете ги со салата од краставица.
350кал, 16гр масти и 33 гр. јаглехидрати

Супа од компири: Во 300 мл бистра супа додадете малку мешан зачин. Исечкајте 150 гр варен компир, праз  и загрејте ја супата. Сервирајте ја во чинија со сварено јајце исечено на четвртини, магдонос и лажица изрендано сирење или пак пармезан.
336 кал, 12 гр масти и 36 гр јаглехидрати.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *