Домашен јаболков оцет за брзо слабеење

26 јануари, 20150
6

Конзумација на јаболков оцет во мали дози помага за намалување на апетитот и истовремено со тоа ја стимулира размената на материи. Метаболизмот се забрзува, а со тоа и процесот на разградување на масните ќелии натрупани во телото.  Треба да знаете дека со овој продукт ќе постигнете неверојатни резултати после 2 месеци редовна употреба.

Како се користи јаболковиот оцет за слабеење?

Бидете внимателни кога избирате јаболков оцет, зошто често продуктите кои се нудат на пазарот создржат јаболкова есенција и ги немаат истите полезни својства. На вас ви е потребен природен производ и затоа најдобрата варијанта е да си го приготвите сами.

Наполнете длабок сад со исецкани јаболка, полејте ги со вода и додадете шеќер. После тоа оставете смесата да ферментира, а кога тоа ќе се случи, процедете ја течноста и исипете ја во стаклено стерилно шише или тегла.

Како се конзумира јаболковиот оцет?

Разредете две супени лажици од него во 250 мл вода. Истата количина се пие три пати дневно, наутро, за ручек и навечер после оброк.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *