Ефикасно слабеење со половина лимон дневно

27 ноември, 20140
8

За да намалиме килограми на здрав и природен начин на нашето тело му е потребна здрава исхрана и редовно вежбање.

Неопходен е и здрав метаболизам и квалитетно варење на храната со цел калориите да се процесуираат и хранливите материи да стигнат во нашиот организам.

Сокот од лимон има висока концентрација на лимонска киселина која го стимулира метаболизмот и варењето на храната и помага да се намали влијанието што благото го има врз вашето тело.

Половина лимон исцедете во чаша од 2,5 дл и додадете вода на собна температура. Добро измешајте и испијте ја чашата веднаш. Најдобро е да се пие наутро на гладно бидејќи на тој начин има најдобар ефект.

Другата половина од лимонот завиткајте ја фолија, а ќе ја искористите следното утро.

Секое утро пијте ја оваа течност пред јадење бидејќи на тој начин метаболизмот ќе се активира и пред внесување калории, а со тоа ќе го потикне и процесот на варење.

Лимонот ќе ви помогне да ги намалите килограмите само ако при тоа помалку јадете и повеќе се движите, верувајте магична формула нема!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi