Колку всушност е опасна ГМО храната?

22 април, 20140
11
ГМО (генетски модифицираните организми) станаа втора природа во САД, и предизвикаа бура од негативни реакции поради нивното негативно дејство на човечкиот организам. Но може да ве изненади колку се ГМО навистина опасни и колку од храната која секојдневно ја јадете всушност има генетски модифицирани состојки.

Експертите велат дека 60 до 70 посто од процесираната храна на полиците во супермаркетите содржат генетски модифицирани состојки. Најпознати генетски модифицирани продукти се зрната од соја, лен, памук и маслото од репка. Тоа значи дека многу продукти за исхрана кои содржат пченка, пченица и други сорти житни растенија, како и високо фруктозен житен сируп (вид засладувач), како житариците кои ги јадеме за појадок, „грицките“, и газираните сокови кои секојдневно ги пиеме, храната која содржи соја (меѓу која има и продукти за бебиња), и продуктите со семе од памук и масла од репка најверојатно содржат генетски модифицирани состојки. Тие често се појавуваат и во храната со која се товат животните од кои добиваме месо и други продукти, па индиректно генетски модифицираните клетки го наоѓаат својот пат до нашата трпеза.

Ако овие податоци ве шокираат, податоци на анкета покажуваат дека не сте единствени. Истражувачи кои извршиле анкета во САД дознале дека само 52% од Американците се свесни дека ГМО се продаваат во секоја продавница низ нивната држава, 26% веруваат дека никогаш не ставиле ГМО во уста, а скромни 6% никогаш и не слушнале за ГМО и не знаат што се тие.
Но што всушност претставува генетски модифицираната храна? Дали е безбедно да се јаде? Зошто не е етикетирана, зошто не сме предупредени и не сме свесни што купуваме? Европската унија и САД се трудат да ја „заташкаат“ и да заработат добро на извозот.

Официјалната позиција на ЕУ во однос на ГМО е: Отстранете ја. Претпочитаме органска храна, која е многу поздрава. Ризикот од ГМО за здравјето и околината ги надминува бенефициите. Само мултинационалните биотехнолошки компании ќе имаат бенефиции, ќе доминираат со светската набавка на храна и ќе ги истиснат од бизнисот традиционалните фармери.

Но дали е навистина така?

Ставот на владата на САД: ГМО е безбеден, поиздржлив е во однос на болестите и бубачките кои ги напаѓаат растенијата, и можат да понудат многу за нациите во кои луѓе умираат од глад.

САД е најголем производител на ГМО.

Повеќе од десетина земји низ светот ја прифатија технологијата за нејзиното производство, вклучително Аргентина, Канада, Кина, Австралија, Индија и Мексико.

Кои се штетните ефекти на ГМО?

Терминот генетски модифицирана храна (исто така позната и како биотехнолошка или генетски инженирана храна) се упатува на житни растенија кои биле модификувани во лабораторија за да ги отфрли заканите од болести на растенијата. Експертите велат дека науката, како и обично, не може ништо да гарантира.

Ризици:

-Храната содржи алергенси и токсини
-Може да дојде до ненамерна контаминација помеѓу ГМО и храната која не содржи ГМО
-Отпор на антибиотици
-Промена на нутритиентите на житните растенија
-Создавање на „супер“ тревни растенија кои ги зголемуваат ризиците за околината

Бенефиции:

-Зголемена отпорност на болести и инсекти
-Толеранција на суша
-Зголемена набавка на храна во земјите со лоши услови за земјоделство

Дали е регулацијата премногу слаба?

Прашањето дали регулацијата е слаба бидејќи ГМО е нова и ретко присутна појава во помалку развиените земји (односно така мислиме), или пак така им одговара на производителите и водечките индустриски земји, е големо прашање. Во секој случај, треба да се зголеми свесноста и знаењето на јавноста за ризиците кои оваа храна ги носи.

httpv://vimeo.com/24971328

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi