Куркума: Борец за превенција и лекување на карцином

28 август, 20140
5

Иако Индијците со векови ја користеле, куркумата е зачин за кој до неодамна многу малку се знаеше. Медицинските истражувања покажуваат дека овој зачин е вистинско чудо на природата и лек за најтешките болести.

Куркумата има пријатна арома и карактеристична жолта боја, го збогатува вкусот и бојата на храната, но најважна од сè е нејзината моќ да се избори со некои од најтешките заболувања, особено со карциномот.

 

За што се користи

  • го регулира метаболизмот;
  • го чисти црниот дроб;
  • се користи за дезинфекција на рани и изгореници;
  • се користи како превенција од рак на простата и го спречува растот на ракот кај оние кои веќе заболеле;
  • куркумата е природна превенција од меланом, а кај постоечкиот го спречува неговиот понатамошен развој;
  • го спречува растот на ракот на дојката;
  • го намалува ризикот од леукемија кај децата;
  • штити од рак на штитната жлезда;
  • помага во спречување на развојот на Алцхајмерова болест;
  • спречува раст на метастази кај многу видови рак;
  • куркумата е природен лек против болки;
  • се користи за лекувањето на псоријаза и други болести на кожата;
  • помага за намалување на телесната тежина;
  • одличен лек против артритис и реума.

Куркумата може да се најде во продавниците за здрава храна, во вид на зачин во прав. Се додава во супи, чорби, ориз, јадења од зеленчук, тестенини.

Вметнете ја во исхраната и споделете ги сознанијата за нејзината лековитост. Можеби некому ќе му го спасите животот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *