Многу добра причина да јадете грав секој ден

10 април, 20140
6

Во новата студија , истражувачите заклучија дека секојдневна порција од мешунки, како што се грав, наут, леќа и грашок , го намалува лошиот холестерол и значително влијание врз намалување на ризикот од срцеви заболувања.

Гравот може значително да го намали холестеролот и ризикот од срцеви заболувања, според една нова студија. Освен гравот, идентично дејство има друга сродна храна, како што се наутот, леќата и грашокот. Така, на пример грашокот успешно го намалува нивото на лошиот холестерол до пет проценти. За заштита и одбрана на здравјето на срцето , се што ви треба е на дневното мени да додадете порција мешунки, посочуваат експертите од  магазинот на Канадската Медицинска Асоцијација.

Сепак, секојдневната порција на мешунките има недостаток , а тоа се несакани ефекти како подуеност на стомакот и гасови, но како што е наведено од водечкиот истражувач д-р Џон Сиевепипер, ова несакано дејство со време исчезнува.

Мешунките се одличен извор на хранливи материи и растителни влакна со малку маснотии , а вклучуваат различни видови на грав, како што се грашок, леќа и наут . Мешунките полека се обработуваат во телото и го намалуваат лошиот холестерол, а овој ефект е повеќе нагласен кај мажите отколку кај жените, но причината може да биде фактот дека мажите од самиот почеток имаат повисоко ниво на лош холестерол.

Како што нагласува д-р Џон Сиевепипер, освен што заштитуваат од кардиоваскуларни заболувања, мешунките се и многу евтина храна , а тоа им е дополнителен бонус.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi