Никако не правете го ова после јадење

1 мај, 20150
11

Откога ќе се најадеме, најчесто сакаме да се испружиме малку на каучот, да го откопчаме ременот, да изедеме некоја овошка или да прошетаме. Нема да ви се верува, но ниту една од овие работи не се препорачува да ја правите после јадење. Еве зошто е тоа така:

Овошје и чај

Доколку веднаш после ручекот или вечерата скокнете на овошје, може да предизвикате подуеност на стомакот. Тоа е така бидејќи овојшето нема да може да дојде на ред за варење, па затоа најдобро е да почекате час или два.

Чаевите се одлични за добра дигестија, но не треба да ги консумирате веднаш после јадење. Тие содржат полифенол и танин, соединенија кои ја отежнуваат апсорпцијата на железото од храната. Ова е особено лошо за оние кои имаат недостаток на железо во крвта, а тоа се најчесто децата и трудниците. Шолјата чај подгответе си ја еден час после оброкот.

Пушење

Пушачите обожуваат да запалат цигара после оброкот. Тутунот и така не се препорачува, но после јадење е особено опасен. Како што тврдат научниците, доколку запалите цигара веднаш после оброкот, правите штета на организмот како да сте испушиле 10 цигари одеднаш. Ризикот од рак на белите дробови дополнително се зголемува. Исто така, пушењето особено влијае и на влошување на синдромот на нервозни црева.

Прошетка

Иако ова е еден од советите кои најчесто можете да ги слушнете, шетањето после јадење не е толку добро за вас колку што се мисли. Доколку веднаш тргнете во прошетка, дигестивниот систем нема да биде во можност да ги обработи и впие сите нутритивни состојки од храната која сме ја внесле. Најдобро е да почекате барем половина час после оброкот и потоа да се упатите на прошетка.

Туширање

После јадење обично сакаме да се истушираме и да си легнеме на попладневна дремка. Но, ова е многу лош потег бидејќи со туширањето дотокот на крвта ќе се зголеми во нозете и рацете, занемарувајќи го стомакот, што ја ослабнува функцијата на системот за варење. Почекајте 30-тина минути после ручекот или вечерата.

Спиење

Ни спиењето веднаш после јадење не е добра идеја, бидејќи и оваа активност го забавува варењето, а може да дојде и до непријатно чувство во устата и грлото, како и до рчење. Затоа, треба да јадете минимум 2 часа пред да си легнете.

Експертите советуваат после оброкот да седнете 30-тина минути, а потоа да излезете на 10-минутна прошетка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi