Од советите на др. Оз: Како најлесно да изгубите 5 килограми?

16 декември, 20140
9

Сакате да изгубите неолку килограми, но немате време, ниту пак желба за некои ригорозни диети. Во тој случај најдобро е да ги послушате петте правила на докторот Оз и ќе изгубите 5 килограми без поголеми потешкотии.

Популарниот ТВ доктор Мехмет Оз ги претстави петте наједноставни правила со кои можете да изгубите пет килограми. Еве за што станува збор:

1. Исфрлете ги соковите: благите и газираните сокови многу лошо влијаат на вашата линија и на забите и затоа е најдобро да ги избегнувате.
2. Не јадете три часа пред да одите на спиење. Ставете часовник на вашиот фрижидер и по 20 часот не јадете ништо. Доколку одите порано на спиење, прилагодете го ова правило според вашиот биоритам.
3. Бидете активни барем 10 минути дневно. Ова не значи дека мора да трчате или да вежбате во теретана –обидете се со побрзо пешачење, трчајте со децата или фрлајте го топчето на вашиот домашен љубимец во парк.
4. Следете ја вашата тежина: мерете се редовно, на одреден временски период и запишувајте ја вашата тежина. Сепак, внимавајте ова да не ви стане опсесија која постојано ќе ве преокупира, немојте да се мерите секој ден!
5. Користете ја шаката како мерка. Некои луѓе едноставно не можат да се откажат од грицките, па доколку припаѓате на оваа класа, можете повремено да се почестите, но внимавајте количината да не надминува една шака!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *