Пет намирници за топење на стомачните масни наслаги! Научно докажано!
Има диети кои ви ветуваат дека ќе ги намалите масните наслаги на стомакот но по што се разликуваат тие диети од останатите?
Всушност клучот не е во намирниците што ќе ги избегнувате, туку во храната што ќе почнете да ја јадете, во точно одредени колични според советите на најдобрите светски нутриционисти и фитнес инструктори на познатите.
Боровинки – познати се како моќен антиоксидант но сега е докажано дека имаат и една неверојатна способност да ги намалат масните наслаги од стомакот. Секојдневно козумирајте 100 гр свежи боровинки или чаша 100% сок од боровинки. Најдобро наутро со појадокот.
Грејпфрут – современите студии покажаа дека луѓето кои имаат зголемена телесна маса и конзумираат половина грејпфрут или чаша 100% сок од грејпфрут за ручек не само што слабеат, туку слабеат точно во областа на половината и карличниот појас.
Ореви – еден од најдобрите извори на омега 3 масните киселини кои не само што се моќни антиоксиданси но помагаат при регулирањето на нивото на хормоните на стресот. Кога нивото на хормонот кортизол(хормон на стресот) е високо, тоа предизвикува складирање на масни наслаги во областа на половината. Наутро се препорачува да се конзумираат грст ореви заедно со боровинките како појадок.
Кисело млеко – во својот состав содржи супстанции кои се ефективни за слабеење во областа на половината, бидејќи имаат својство да го регулираат натрупувањето и разградувањето на мастите во телото. Конзумирајте порција кисело млеко во комбинација со овесни јатки или мешано овошје, како вечерен оброк.
Црвени пиперки – богати се со природен витамин Ц за кој е докажано дека го регулира нивото на кортизол односно делува да се врати во своето нормално ниво кога е покачен при стресова ситуација. Тоа значи дека хормоните на стресот ќе циркулираат пократко време во телото и така нема да дојде до складирање на масти во областа на стомакот.