Што не треба да конзумирате во лето

24 јуни, 20142
9

Летото е период кога се мошне актуелни социјалните дружења со скари на отворено, коктели, фудбал, пиво, сладолед, хот дог. Можеби животот во лето е полесен, но ако не сте внимателни, летните уживања со храната можат многу лесно да му додадат екстра килограми на вашето тело. Иако, во текот на летото, многу од луѓето се повеќе активни, тоа може да не биде доволно за да се согорат сите екстра калории од летните обилни оброци.

Месо на скара 

Скарата може да ја саботира вашата линија. Кременадла од 600 гр содржи околу 1 600 калории и 150 гр маснотии; просечниот чизбургер содржи околу 750 калории и 45 гр маснотии. Што да кажеме за свинското или пак бифтекот? Тие доаѓаат од најмрсните делови на животното. Но, сепак има и добри вести: можете да конзумирате пилешки гради на скара (секако без кожа).

Колбасите и виршлите се наједноставните и најактуелните брзи храни за многу од нас. Не е се во калориите или маснотиите (може да изберете производи со помалку маснотии), но хот догот, колбасите и другите слични видови на брза храна имаат голема концентрација на сол кој е причина за задршка на водата во телото. Типичниот хот дог содржи 280 калории, 15 гр маснотии и 1250 мг сол, додека колбас од 180 гр има 330 калории, 24 гр маснотии и дури 1 600 мг сол.

Салати базирани на мајонез

Типична порција на салата од домати со мајонез содржи 180 калории и 12 гр маснотии. Истата количина на салата од зелка има отприлика 150 калории и 8 гр маснотии. За да ги намалите калориите, пробајте да ги правите вашите салати со полесен мајонез, употребувајте лесна павлака, јогурт без маснотии итн.

Коктели

Благите, овошни алкохолни напитоци брзо се конзумираат, но со огромна брзина ги додаваат калориите. Пинаколадата содржи од 300 до 500 калории, коктелот со леден чај од 600 калории па нагоре, додека некои коктели содржат дури 1 000 калории. Најчесто, калориите кои што доаѓаат од коктелите во најголем дел се состојат од шеќери. Пробајте наместо коктели да конзумирате вино, шприцер или некој жесток пијалок помешан со 100 процентен овошен сок.

Задоволување на потребите за течности

Во лето, многу е значајно нашето тело да биде доволно хидрирано, што значи да се задоволени потребите за течности, но внимавајте кои ладни напитоци ги употребувате. Ако пиете по една лименка засладен чај, зашеќерена сода, енергетски пијалок или пиво, Вие веројатно внесувате по 200 калории. Милкшејкот и кафето со сладолед имаат уште поголема калорична вредност. Пијте голема количина на вода или пак лесни верзии на вашите омилени летни освежителни пијалоци.

Сладолед

Една порција сладолед може да има до 400 калории и 22 гр на маснотии. Ако пак, преферирате чоколаден сладолед со измешани парчиња на тврдо чоколадо, внесените калории можат да се зголемат до 800 и неверојатни 30 гр мансотии. Сепак, не треба да се откажувате од летното задоволство – сладоледот. Префрлете се на овошен сладолед кој што содржи околу 150 калории по порција.

Пржена храна

Повеќето од видовите на пржена храна која што се конзумира набрзина, како што е прженото сирење, црвеното месо од кокошка и нив сличните, можат да содржат дури 1 200 калории и 60 гр маснотии. Избегнувајте ја пржената храна или поделете го оброкот со пријател.

2 comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi