Зошто јапонците и кинезите се слаби? Азиска диета која топи 3 килограми за 10 дена!

25 април, 20150
13

Доктор Колин Кемпбел го напишал трудот “The China Study“ каде азискиот начин на исхрана го преточил во план за слабеење. Така настанала Азиската диета.

Азиската диета не е наменета на одредена група луѓе. Едноставно е здрава и прилагодлива на сечиј вкус.

Примерно мени:

Појадок:

Варено просо  во нискомаслено млеко и филџан зелен чај без шеќер, со лимон.

Ручек: варен интегрален ориз со додаток варен зеленчук по избор. Друга опција се печени компири и варено пилешко зачинето со лимон.

Ужина:

Филџан млеко, чај од камилица или зелен чај. За оние кои не можат да издржат само со чај, дозволен е еден портокал или грејпфрут.

Вечера:

Парче варено пилешко со брокули на пареа или друг зеленчук по избор.

Вечера број 2:

Ова важи за оние кои доцна легнуваат – филџан млеко или чај.

Менито не е прецизно одредено. Може да го менувате, но водете сметка за калориските вредности на оброците. Ова е пример за само еден ден од диетата, според кој можете да правите план за останатите денови.

Во менито можете да ги вклучите следниве намирници од кои ќе правите нови комбинации: печурки, печена риба, житарици со јогурт, урда, белки од јајце, кисело млеко, грст јатки за ужинка, варена пченица, леќа, грашок, боранија. Зеленчукот на пареа може да го замените со свежи салати.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi