10-те тајни на вистинската љубов

27 јули, 20140
4

–          Што е љубов?- прашале едно мало момченце

–          Па љубов е, кога ги делам бомбоните со девојчето во паркот. Таа јаде, а на мене ми е слатко!”

Љубовта се учи! Да, таа те притиска како емоција, но како понатаму? Како да ја задржиш вистинската? Еве ги начините…

Моќта на мислата. На прво место научи да се почитуваш себе. Така ќе научиш да ги почитуваш и другите, и тие ќе научат да те почитуваат тебе.

Моќта на давањето. Дај, за да добиеш! Колку повеќе даваш, толку повеќе добиваш. Без резерви, без очекувања, едноставно давај.

Моќта на пријателството. Кога си со еден човек, кој си го избрал, ти треба да го прифатиш таков каков што е. Да го поддржуваш, дури и кога не го разбираш. Да знае дека секогаш може да се потпре на тебе.

Моќта на допирот. Многу моќен и многу потценет фактор. Допирањето ја менува физичката и емоционалната состојба. Крши бариери, топи мраз, сплотува. Допирајте се секогаш кога можете – држете се за раце, бакнувајте се, водете љубов.

Моќта на личен простор. За да научиш да сакаш и да бидеш сакан, мора прво да научиш да си слободен и да даваш слобода. Во вистинската љубов не треба да има стравови и предрасуди.

Моќта на комуникацијата. Никогаш не се плаши да кажеш “Те сакам”! луѓето треба да знаат што значат за нас. Кога сакаш, ти се поврзуваш духовно. Треба да споделуваш, особено чувствата!

Моќта на верноста. Ако сакаш, ти си верен! Нема грешки. Во спротивно или не е љубов, или си му дозволил на егото да ти го пресече најпрекрасното чувство на светот – љубовта!

Моќта на страста. Таа ја осмислува љубовта и духовно, и физички. Носи возбуда, носи емоции. И секогаш може да постои помеѓу вас. Преку спонатаност, преку спомени и создавање на такви нови. Едноставно овозможи и секој ден да биде во тебе. Се искажувај со страст.

Моќта на довербата. Таа е верен чувар на љубовта. Благодарение на неа, нејзините непријатели – стравот, вознемиреноста, сомнежот, гордоста, немаат шанси да ја разрушат. Без доверба нема вистинска љубов! Едноставно е невозможно да сакаме некого, ако не му веруваме целосно.

Спротивно на сваќањата, љубовта не е само судбина. Таа се создава од нас и се убива од нас. Се е во нашите мисли и дејства. Без разлика каде се наоѓате сега – без партнер, во несреќна врска или во среќна таква, секој од вас може да го промени животот на подобро уште во оваа секунда. Да биде среќан, да сака и да биде сакан.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi