Доколку сакате нежен партнер изберете Вага, доколку барате некој помажествен, обидете се со Бик, а ако сте за страстен секс – дефинитивно Скорпија…

24 ноември, 20140
3

Овен – Неговата силна личност има магнетска привлечност, а поради нивната постојана желба за контрола тие одлично се бакнуваат. Нестрпливи се и честопати знаат да бидат себични во сексот. Сепак, доколку налетате на нив додека се најстраствени одлично ќе си поминете. За да заведете Овен не смеете да бидете срамежливи, туку спонтани и интелегентни.

Бик – Најмажествените од сите знаци, Биковите имаат огромен сексуален апетит. Тие можеби се и најдобрите љубовници. Потребни им се многу допири, но немојте да брзате. За нив добриот секс е како добра храна – потребно е да му посветите многу време за да можете да уживате со него максимално во кревет.

Близнаци – Доколку сте “слаби” на интелегентни луѓе, најдобриот љубовник за вас ќе го најдете во овој знак. За да го заведете морате да бидете лукави и духовити. Тие се мајстори на флертот и со еден потег можат да ве освојат. Тие се креативни љубовници и со нив никогаш нема да ви биде здодевно. Но бидете внимателни тој да не се “умори” од вас.

Рак – Најемотивниот од сите. Потребен им е нежен допир, длабока емотивна поврзаност и посветен нежен партнер. Тие се премногу сензитивни но и многу страствени љубовници, но доколку еднаш ја изгубите нивната доверба – очекувајте одмазда. Тие сакаат кога другите се грижат за нив така да ќе треба да им посветите многу внимание.

Лав – Според многумина лавовите се најдобрите љубовници од сите хороскопски знаци. Постојано се во пламенот на страста и имаат голема самодоверба, па со нив ќе искусите моќен секс. Ги прави среќни кога на својата партнерка и’ поклонуваат подароци, а за да ги заведете ќе треба прилично да им ласкате.

Девица – Ниту еден друг нема да ве сака толку како девицата. Делуваат смирено и кул, но под површината се многу сензуални. Сепак, тие не се идеални за секого бидејќи честопати ја поминуваат границата на опсесија со совршенство, што знае да биде прилично напорно.

Вага – Како личност која сака да ги задоволува другите, вагата може да биде многу внимателен, посветен и вешт љубовник. Полни се со сентиментални аспирации па бидете многу внимателни со нив и обидете се да им ги исполните фантазиите. Природно се склони кон флерт, а сакаат и да експериментираат во кревет. Заведете ги со романтичен гест.

Скорпија – Скорпијата без сомнение е најсексуалниот од сите знаци, па сосема оправдано ја добиваат титулата – најдобар љубовник! Тие многу често манипулираат со другите за да дојдат до секс. Нивната неодолива личност ги прави фасцинантни но и многу опасни љубовници. Пазете се!

Стрелец – Разигран и детинест, стрелците како љубовници се многу креативни. Остануваат млади во срцето и со прилично отворен ум кога станува збор за експериментирање во сексот. Нивната “поделена” личност значи дека можат да бидат исклучително страстни но исто така и многу “ладни”.

Јарец – Јарците се релативно воздржани и ќе мора да биде длабоко заљубен во вас за да го земе во предвид сексот со вас. Не се отворени и не се големи авантуристи, спори се но верни се до крај. За да заведете јарец ќе треба добро да се испотите и да напредувате чекор по чекор.

Водолија – Овој знак ве сака поради вашето тело и не е многу заинтересиран дали после тоа ќе остварите врска или само повремено ќе се гледате. Тие имаат дива сексуална енергија, а нивната бунтовничка природа ги прави едни од најдобрите љубовници.

Риби – Нудат физичка врска полна со љубов и задоволства. Тие се неверојатно опуштени и само сакаат да имаат сигурен и среќен партнер. Кога ќе ја најдат таквата личност на драго срце му се препуштаат на сексот. За да ги заведете треба да бидете агресивни бидејќи го сакаат контрастот на нивната мрзеливост.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi