Еве што е потребно да знаете за да станете експерт во бакнување

1 октомври, 20140
Еве што е потребно да знаете за да станете експерт во бакнување
Многу момчиња се несигурни во бакнувањето, бидејќи се плашат дека нема да успеат да ги исполнат очекувањата на девојката која им се допаѓа. Еве што е потребно да знаете за да станете експерт во бакнување.

Прва и основна работа е да го заземете вистинскиот став. Без оглед на тоа дали сте супер фраер или не, флертувајте! Насмевнете и се, гледајте ја право во очи, заведувајте… Така ќе поттикнете лачење на вистинските хемикалии како во нејзиниот, така и во вашиот мозок, кои само ќе го зголемат уживањето.

Кога ќе почувствувате дека е вистински момент, пријдете и` опуштено и наведнете ја главата во десната страна. Зошто? Истражувањата покажуваат дека речиси 90% од луѓето при бакнувањето природно ја наведнуваат главата на десно. За тоа е заслужен начинот на кој нашите мајки не` доеле, но сега немојте да мислите на тоа.

Третиот чекот е: само напред! Секако, не веднаш со јазикот да ја излигавите по целото лице, но не и премногу срамежливо. Запаметете, благодарејќи на многуте нервни завршетоци, усните претставуваат една од најчувствителните точки на нашето тело. Затоа, играјте си со нејзините усни, се додека не остане без здив.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *