Хороскопот може да ви открие дали и како ве изневерува партнерот

18 мај, 20150
4

Понекогаш, хороскопот може да ви навести за тоа дали и како ве изневерува вашиот партнер.

ОВЕН

Тој
Кога тој изневерува, за тоа многу брзо дознаваат сите од неговата најблиска околина. Овенот едноставно сака да се пофали за своите успеси кај спротивниот пол. Овенот е мажествен и упорен, а ако се соочи со потешкотии во тоа да ве убеди колку е неодолив, станува дрзок и наметлив. Ако партнерката се посомнева во неговата верност, ќе се правда дека немал намера некоја да освои, туку дека се случило обратното. Кога ќе се заљуби, брзоплето ги прекинува дури и долгите врски, зашто нема трпение да размислува за своите постапки, а особено не за последиците.
Таа
Таа лесно потклекнува кога ќе се наместат коцките во друштво на шармантен и духовит маж. Се разбира, таа подоцна ќе го наведе како главен виновник за се што се случило меѓу нив двајцата. Ако се посомнева во верноста на партнерот, веднаш ќе побрза да му се освети – око за око, заб за заб. Често, во таквите ситуации знае и сама да пропадне во своите замки, па да се заљуби. Сепак, љубопитноста и немирниот дух лесно ќе ја одвлечат назад кај бившиот љубовник, со кого ќе проба одново да ја разгори страста, но и да го иневери новиот партнер.

 

БИК

Тој
Важи за еден од најголемите љубовници во Зодијакот, но тој е прилично верен. Не сака да ги менува своите навики, ниту да го загрозува својот емоционален мир. Сепак, понекогаш, желбата за уживање во се што е убаво го доведува во ситуации кога не може да одолее. А ако се случи тоа, ќе се потруди никогаш да не дознаете. Мажот Бик најпрво ќе го подготви теренот за забранетата врска и ќе се погрижи да не остане простор за сомнеж. По никоја цена нема да сака да ја загрози својата долгогодишна врска или семејството.
Таа
Тешко дека таа ќе посака да изневери, ако сте и погоден емотивно, еротски и… финансиски. Ако не ги исполните сите нејзини очекувања веднаш, таа ќе биде трпелива и ќе ве почека, затоа што таа ве избрала да бидете нејзин, и само нејзин маж. Дури и да дознае дека не е така, таа веројатно ќе прости и ќе се обиде со сите сили да ве врати кај што ви е местото – покрај неа. Ако таа реши да изневери, значи дека навистина сте ја разочарале.

 

БЛИЗНАЦИ

Тој
Иако важат за ненадминати швалери, ситуацијата најчесто е обратна: нивната нескротива желба за комуникација со сродна душа лесно може да ги намами во туѓ кревет, иако тоа не им била намерата. Близнаците не планираат изневерување, па не планираат ни одмазда ако се посомневаат во партнерката. Кај нив, неверството едноставно се случува, па нема да дозволат другата страна да пати. Како дошло – така прошло. Ако сепак го фатат, тој ќе ја убедува партнерката да не им верува на злите јазици, а ниту на своите очи, туку само нему.
Таа
Тие радо ќе се заколнат на верност (на зборови), ама тешко ќе им биде истото да го исполнат. Има толку многу интересни личности што таа ги среќава и толку многу ситуации што за неа претставуваат предизвик – како непрочитана книга. Проблемите настануваат кога ќе посака да „прочита повеќе книги“ истовремено. Тогаш ја губи главата, ќе ги помеша телефонските броеви и личноста со која е во врска. Но, дури и да падне во стапица, ќе се дочека на нозе.

 

РАК

Тој
Ако доволно го мазите и му ги спремате омилените јадења, не пропуштајќи прилика да го потсетите колку лесно се распаѓаат браковите во денешно време, Ракот ќе ви биде верен. Сепак, може да се случи да потклекне пред некоја на која и е потребна повеќе нежност, грижа и заштита. Сепак, како верно куче, ракот секогаш се враќа дома.
Таа
Таа е толку зафатена со следењето на туѓи животи и коментирање на туѓите врски, што нема ниту да го сфати сериозно туѓото додворување. Нејзиниот оклоп е речиси непробоен. Можеби ќе се заинтересира за некој кого може да го искористи, за да се освети на партнерот што ја изневерил или ќе „застрани“ ако не добива доволно внимание во врската. Заради своето пикање на носот во туѓите, а не своите проблеми, таа делува безгрешно.

 

ЛАВ

Тој
Нему до толку му се допаѓаат туѓото внимание и аплауз што тешко ќе одолее на „повикот од дивината“, кој лавот лесно го препознава во женските очи. Заради се она што му прија на суетата и потребата да ги воодушеви жените со своето кавалерско однесување, тој дури смета дека им чини услуга на оние со кои е во врска, со тоа што им допушта да бидат со него. Лавот е пребирлив, па без разлика на бројот на обожавателки, знае да стави точка, и тоа во истиот момент кога ќе сфати дека тој е плен, а не ловец. Не поднесува банални, ни „мушкоданести“ жени и ретко ги спушта критериумите под своето ниво. Ќе ги преброди озборувањата, зашто му е важно семејството и парнерката, иако му била неверна.
Таа
Одлично умее да се самоорганизира и да ги организира другите. Таа доволно ќе му се посвети на партнерот, па тој нема ни да се посомнева дека ја интересира некој друг. Но, бидејќи таа никогаш не е доволно галена и обожавана, ќе ризикува да се гледа со маж што ќе ја фасцинира и ќе и импонира, иако веројатно ќе остане верна, заради гордоста. Ако ја изневерите, нема да ви прости, а ако сите околу неа дознаат, инстантно ќе ве остави. Таа нема потреба, а ни желба за освета.

 

ДЕВИЦА

Тој
Иако генерално се држи до верноста, како својата, така и на партнерката, Девицата доаѓа во ситуација, особено во зрелите години, кога сите околу себе ќе ги изненади. Ја почитува својата партнерка, но туѓите ги претставува како трофеј, најмногу за да ги освои симпатиите на пријателите и потајно да му завидуваат. Баш затоа што никој од него тоа не го очекува, тој ќе сака да покаже дека може да биде и заводник. Долго и џентлменски ќе ја крие тајната околу колешката од работа (најчесто), а и околината тешко ќе забележи ако меѓу нив се одвива нешто.
Таа
И кога ќе и се случи да го посака забранетото овошје (а и се случува почесто отколку што можете да претпоставите), Девицата ни за жива глава нема да признае. Ако е сигурна дека добро се сокрила и дека нејзината репутација и положба не се во опасност, таа нема да одолее на искушението. Сепак, не било кога, не било со кого, туку со личност чиј статус и упорност се доволен афродизијак за да „излета од шините“. Сепак, не и е сеедно што ќе мислат за неа. Ако е изневерена, често простува, затоа што не сака да се нервира и да го изгуби статусот во врската.

 

ВАГА

Тој
Без проблем ќе „седне на друга столица“ ако почувствува дека предизвикува воодушевување кај жената која ја шармирал со својот ноншалантен, детски начин. Ако ги има повеќе, уште подобро – така неговата партнерка нема да може лесно да му влезе во трагата. А бидејќи е познат како голем шармер кој тешко одолева на жените, тој ќе се снајде и дипломатски ќе се извлече од непријатните ситуации – лесно знае да изнуди прошка од оние со кој ја оплескал работата. Го привлекуваат жени што знаат што сакаат, но ни тоа не е гаранција дека ќе им биде верен. Ако тој е измамената страна, простува, дури и одбива да ја согледа вистината, бидејќи полесно ги поднесува добро спакуваните лаги.
Таа
Таа е слаба на комплименти, ласкање, изјавите на љубов и слични потези со кои искусните заводници лесно се служат, па делува како лесно да потклекнува. Сепак, штом забележи дека додворувачот и е преблизу, не оставајќи и простор за маневар, таа ќе почне да се извлекува. На просечниот додворувач тоа му изгледа како таа да си игра недостапна, па обично уште повеќе се загрева. Кога е запоставена, и ќе се појави некој таков, поупорен, Вагата веднаш му се наклонува, а потоа гледа како да му се извлече, правејќи се дека ништо не се случило. Сето ова за да не ја оговараат.

 

ШКОРПИЈА

Тој
Иако го бие глас на најголем заводник, тој ретко изневерува од забава. Жената мора да го заинтригира со својот став, однесување и изглед, односно степенот на сексипилност со која таа зрачи. Ако не го поседува, се и е залудно. Но, најважно е што мажот Шкорпија (кој лесно паѓа на женски погледи и допири) ја губи таа своја заводничка моќ, во моментот кога ќе се вљуби. Тоа никогаш не се знае, па подобро е да го држите во неизвесност и да не го уверувате дека потполно ве освоил, па дури и кога тоа е вистината.
Таа
Секогаш ќе се сомневате, но тешко ќе докажете дека Скорпијата некогаш ви била неверна. Таа ја крие својата измама како змијата нозете, бидејќи го смета таквиот чин за многу интимен, и за нешто за што нема поента да зборува. Така, никогаш нема да се брани, ниту да трпи напади, зашто знае дека едноставно „морала“ да ја задоволи таа своја жед за мажите кои лесно ги освојува. Но, исто така, лесно и одбива.

 

СТРЕЛЕЦ

Тој
Тој води на листата на неверни и тоа го смета за доблест. Затоа, во круговите во кои на мажите се им е дозволено и однапред простено, тој радо ќе се пофали со своите успеси кај спротивниот пол. Потајно посакува неговата партнерка, ако дознае дека бил неверен, да го разбере и да го прифати, па дури и ако тоа се коси со сите начела на бракот и емотивната врска. За возврат, тој се ќе направи за неа и ќе ја воздигне во своите очи. Дури и ако таа го изневери, нема да се побуни. Колку и да е лицемерно, тој тоа ќе го искористи како адут во своето неверство.
Таа
Спаѓа меѓу најслободоумните знакови. Таа никогаш нема да ги наметнува своите морални начела, ставови, ни однесување во љубовните врски. Ќе се однесува како што и одговара, без некому да се правда. Партнерот го доживува како некој со кого е рамноправна во секој поглед, па и влегувањето во врска со долгогодишен пријател ќе и биде нешто сосема нормално. Доволно е што тој ги препознал нејзините доблести, возвишениот дух и пожртвуваната природа. Ниту бара, ниту очекува услуги.

 

ЈАРЕЦ

Тој
Јарецот е роден да биде верен. Бира партнерка за врска или брак и го презира неверството. Од друга страна, долго ќе го трпи, ако е заљубен. Сепак, неговата страст може да ја распали жена што е спротивна на неговите емотивни идеали – жена со слободни сфаќања, весела, бучна и доволно страстна за да го дебалансира и ослободи од неговите комплекси. Младите мажи во овој знак, кои се обично срамежливи, но љубопитни, најчесто потпаѓаат под умешноста на постара партнерка, тактична, вешта и стрплива. Таквите жени можат да предизвикаат бура од емоции и изливи на страст.
Таа
Иако важи за најверниот знак, не значи дека под упорноста на маж кој заслужува восхит. Некогаш упорноста не е ни потребна, доволна е нејзината процена дека може да се опушти во неговите комплименти за тоа колку е таа исклучителна, не само во визуелна смисла. Бидејќи таа е уверена дека секое „зошто“ има и „затоа“, и бидејќи постојано држи гард спрема мажите, таа не ја ни доживува својата неверност како измама. Ако партнерот ја изневери, на простува, но не се ни реваншира.

 

ВОДОЛИЈА

Тој
Мисли дека може да прави се што ќе посака и со кого ќе посака, само е прашање кога тоа ќе му прелета низ главата – можеби кога ќе му поставите услов или забрана. Ако забележите промена во неговото однесување, кое варира од умилкување до растечка нервоза и блага хистерија, веројатно сеуште се колеба. Ако задоволно се смешка и мудро молчи, тоа е сигнал за опасност (не мора ништо да значи). Кај водолиите никогаш не се знае. Го простува неверството, а го заборава само ако се случило откако тој веќе се оладил. Во такви ситуации, тој може да продолжи да биде пријател и со неа, но и со „натрапникот“.
Таа
Не ги признава половите предрасуди и никогаш не го проверува партнерот. Изгледа како лесен плен. Нејзиниот лежерен флерт е директен повик за заводниците и освојувачите. Но, тука се наиудува на тенок мраз – тие ќе бидат затечени од нејзината реакција, која ќе значи се освен прифаќање. Таа се впушта во врска кога ќе почувствува дека тоа го сака, со било кого. Низ музика, пијалок и приказна што и одговара, таа нема ниту грижа на совеста кога изневерува. Затоа, нерадо влегува во сериозни врски и брак – во нив има премногу правила и премногу должности. Дури ни кога е родител не значи дека ќе ги прифати.
РИБИ

Тој
Не е важно дали и како изневерува, важно е да ве убеди дека тоа не се случило. Тој би простил неверство, па истото го очекува и од вас –  да го игнорирате неговото. Тој не изневерува со предумисла, туку затоа што жените му се наметнуваат кога ќе го видат така смотан и збунет, симпатичен. Колку и да му ласка вашата љубомора, грижа и сомнеж, најважно му е да му верувате, па макар и незаслужено.
Таа
Иако глуми неосвоива тврдина, таа посакува, макар во фантазијата, заводник што ќе ја освојува тивко и романтично. Таа умее долго да биде заљубена, а тоа да не го покаже. Посакува да биде заведена, а кога некој ќе и се приближи, таа бега, се измолкнува, надевајќи се дека кога-тогаш тој ќе ја фати во својата мрежа на опасности и еротски возбудувања. Тешко останува верна, бидејќи е многу емотивна и ранлива, па партнерот често ја повредува (и без да знае). Кога тоа ќе се случи, таа ќе побара утеха кај друг, подобар и посилен од оној кој ја повредил (важно и е така да го доживува).

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *