Како да го натераш да се покае, затоа што веќе не сте заедно?

29 декември, 20140
11

Ти ракина тој, или ти мораше да му раскинеш? Не е ни важно, важно е дека ова е повод за една слатка одмазда – да го натераш да се покае затоа што повеќе не сте заедно.
Прво – Насмевни се!

Разделбата е гадна работа, повредено срце, тешки емоции, не наоѓаш причина наутро да се разбудиш. И сепак, најдобрата одмазда е да бидеш среќна. Дури и да се преправаш. Насмевката сигурно ќе го привлече неговото внимание и сигурно ќе се замисли како тоа ти е толку добро без него?
Второ – Биди учтива!

Многу е важно да држиш ниво. Никакви скандали на јавно место. Напротив, биди љубезна и мила, тоа е огромна сила на појакиот, која сигурно ќе го покоси. И ништо чудно повторно да се заинтересира за тебе…
Трето – Комуницирај со други мажи!

Не потценувај ја силата на машката љубомора. Не одалечувај се од другите мажи кои ти посветуваат внимание, со цел да му покажеш на бившиот дека никој друг не те интересира и дека мислиш само на него. Тоа е патетично! Но биди внимателна, не треба и премногу демонстративно да флертуваш.
Четврто – Секогаш изгледај добро!

Купи си нешто ново. И скапо! Ти заслужуваш! Освен тоа ќе ти се зголеми самодовербата и ќе се чувствуваш секси.
Петто – Не му одговарај веднаш на пораките!

Почекај, ако можеш дури неколку денови. Нека му стане јасно дека не си секогаш достапна кога ќе му затребаш.
И шесто – Нека ти биде подобро без него!

Прави го сето она што не си можела додека сте биле заедно. Види се со некој бивш дечко, оди во диско, врати се во раните утрински часови. Ако не предизвикаш да се покае, веројатно ти тогаш ќе сфатиш, дека навистина ти е подобро без него.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi