Како да познаете дали некој е заљубен во вас?

5 јануари, 20150
1

Сите знаеме дека постои разлика меѓу тоа некој да ви се допаѓа или пак да сте вљубени, но тешко е да се процени што другиот мисли за вас.

Едно ново истражување објавено неодамна во магазинот Psychological Science се обиде да даде одговор на прашањето како да препознаете дали некој е заљубен во вас или пак сака само забава за една вечер. Нивното истражување покажало дека разликата е во погледот на личноста.

Истражувачите од Универзитетот во Чикаго ги поделиле испитаниците во две групи. Групата од 120 учесници гледале фотографии од парови, а притоа ги прашувале што гледаат на нив – луѓе кои чувствуваат љубов еден према друг или само страст.

Потоа тие ги добиле истите фотографии со прашањето какви се нивните чувства. Додека ги гледале, истражувачите ги следеле нивните очи и регистрирале што најмногу гледаат, на кои делови од телото најмногу се фокусираат и колку долго.

Во другата ситуација студентите добиле 80 фотографии од спротивниот пол и прашање дали би можеле да осетат љубов кон нив или пак само страст. Повторно ги следеле нивните очи.

На крајот од истражувањето резултатите биле прилично јасни. Оние чиј поглед бил насочен кон лицето на личноста што ја гледаат јасно укажувале дека кон таа личност би можеле да имаат и љубовни чувства. Оние пак кои чувствувале страст повеќе имале поглед фокусиран кон телот.

Истражувачите заклучиле дека погледот на очите е најрелевантниот показател, па ако некој ве гледа во очи веројатно станува збор за љубов, а ако го гледа телето тогаш веројатно станува збор за страст.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *