Како реагира вашето тело при недостиг на секс?

21 јули, 20140
2

Недостигот на секс влијае на нашето здравје, како ментално, така и физичкото. Можеби не обрнуваме доволно внимание на сигналите поради секојдневните обврски,па луѓето често не ги забележуваат сигналите кои организмот им ги праќа. Најдобро е да набљудувате како негативните мисли и лошото расположение исчезнуваат веднаш по уживањето во сексот.

Притоа, имајте на ум дека сексот не мора секогаш да вклучува двајца, а тоа значи дека и мастурбирањето е една од опциите.

Сигналите кои можете да ги забележате поради недостиг на сексот се нервоза, напнатост, мигрена, стрес, губиток на апетитот, намалена потреба за сон, контрадикторни чувства за одредени луѓе и чести сексуални фантазии.

Непостоењето на сексуален живот предизвикува многу реакции, а во екстремни случаи може да доведе до различни тешки состојби, иритација, осип, агресивност или бес. Кога ќе успеете да ги препознаете знаците на вашето тело кои ви укажуваат дека ви е потребен секс, ќе ви биде многу полесно да ги препознаете и периодите кога се јавуваат овие непријатни симптоми, и на тој начин ќе можете да ги спречите.

Интервалите варираат од едно до друго лице, а зависат и од одредени фактори, како што се возраста, полот, начинот на живот, психичката состојба, бременоста или менопаузата.

Затоа, погрижете се да најдете време и да се анализирате себе си, вашите потреби и желби и на тој начин ќе сфатите што би требало да направите за да се вратите во нормала.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi