Кога мажот сака, тој цени!

26 јули, 20150
4

За наша среќа, постојат мажи со навистина неверојатен пристап и талент кога, како и што да кажат. Прават неверојатни гестови, се држат галантно, забавни се и директно те тераат да се чувствуваш како исклучителна жена. Сето тоа е едноставно прекрасно, но сепак не значи дека господинот доживува силни чувства кон вас.

Има и спротивна опција – да сретнеш повеќе заинтересиран маж кој не ти зборува постојано убави зборови, не ти прави изненадувања како во романтичните филмови, но во исто време те сака со целото свое срце.

Се разбира, секоја од нас сонува за златната средина – сакан кој има искрени чувства и кој умее да ги изразува. Но малку се такви среќници. За сите останати ќе погледнеме малку по-практично и ќе се насочиме таму, каде што се кријат знаците на вистинската љубов.

На прво место, кога мажот сака, тој цени! Тоа значи дека мислењето на жената до него, задолжително има значење. Освен тоа тој се интересира за неа. За нејзините соништа, проблеми, секојдневие. Се труди да ја поддржува и се гордее со нејзините достигнувања.

Мажот кој сака од срце, смета дека си прекрасна! Во секое време! Наутро, кога си бушава и без шминка, тој те влече кон себе и те бакнува. Те испива со поглед кога ќе облечеш нешто секси. Не му е гајле дека си се здебелила 2-3 килограми, дури не ги ни забележува. Ти прави чај кога си болна. Ти ги брише солзите кога си вознемирена. Тој не е со тебе само во убавите моменти, не наоѓа причини да замине, кога не си во добро расположение.

Да, може и да те нервира понекогаш или да не одговори на твоите очекувања за одредена ситуација. Може и да не ги разбира скриените пораки во твоите зборови или совети. Но тој нема да те предаде, нема да те повреди намерно и нема да дозволи на никој друг да се шегува со тебе. Така сака мажот!

И,иако ние дамите сакаме комплименти и слатки приказни, вистината е дека не се толку важни. Така е, замислете, што е подобро – сладок соговорник со површни намери или маж, кој е подготвен на се за тебе, но не умее тоа да го каже?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *