Кога сакате да заведете некого, ова е најдобриот совет кој може да го добиете

17 април, 20140
21

И кај мажите и кај жените е утврдено дека имаат психолошки и физиолошки реакции на одредена боја, па наједноставниот и најуниверзалниот совет за заведување е да носите црвено.

Но, не дека ако облечете црвен џемпер ќе станете најпопуларна личност во просторијата, вашата личност сеуште ќе мора да ја направи најголемиот дел од работата.

Со векови, црвената боја е симбол на заведување и често била поврзувана со страствените жени . Оваа боја своите корени ги има многу подалеку од културна конотација. ” Психолошките истражувања заклучија дека црвената е стимуланс за мажите, се зголемува нивното ниво на возбуда и желба за заведување “, пишува eFlirtExpert .

Црвена како стимуланс

Истражувањето спроведено на Универзитетот во Рочестер откриле дека мажите имаат повеќе интерес за жените облечени во црвено, а овој заклучок е поврзан и со приматите: женките павијани и шимпанзата попримаат црвеникава боја кога се блиску до овулација, што е јасен знак за мажите дека  е време за парење.

Тоа може да изгледа ” тендециозно и насилено”, споредувањето и однесување на шимпанзата со носењето на црвен фустан , но не треба да се потценува силата на природните знаци на парење.

“Нашето истражување ја докажува паралелата во начинот на кој луѓето и машките примати реагираат на црвено. Наодите од истражувањето го потврдуваат она што многу жени веќе долго време го сметаат за вистинското и во согласност со тоа и се однесуваат, а тоа е дека мажите за сексот и сексуалноста  се однесуваат како животните. Колку мажите да сакаат да мислат дека кон жените одговораат на внимателен и софистициран начин , вистинатата е дека, барем во некои области, нивните преференции со еден збор, се примитивни ” , кажуваат експертите за истражувањата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi