Колку често ја среќаваме вистинската љубов?

21 декември, 20140
1

Дури 73 отсто од луѓето велат дека го запознале „вистинскиот“ или “вистинската“, но со нив не завршиле, додека 25 проценти во животот сакале двајца луѓе истовремено.

Секој седми возрасен човек својот партнер не го смета за љубов на својот живот, покажа истражувањето на компанијата Сименс, направено на примерок од две илјади луѓе. Дури четвртина признале дека во еден период од животот сакале двајца истовремено, а без многу размислување дури 46 отсто би го оставиле својот постојан партнер или сопружник за да бидат со својата вистинска љубов, пишува „Дејли Мејл“.

Мажите во поглед на љубовта се полојални, па 37 проценти би останале во врска за да не ја направат несреќна партнерката, додека многу помал број жени би го направиле истото. Дури 73 отсто после прекинувањето со најголемата љубов на својот живот завршуваат со некој кој помалку го сакаат и кој не му дораснал на поранешниот партнер.

Според резултатите од истражувањето, луѓето во просек вистински се вљубуваат два пати во животот, а мнозинството сметаат дека за само два месеци дружење можат да препознаат дали станува збор за вистинска љубов.

Сепак, перцепцијата за љубовта се менува како што луѓето созреваат, па дури и оние кои велат дека не се лудо вљубени во својот партнер имаат врска која ги исполнува и однос кој е веројатно подобар од оној кој го сметале фатален, соопштија истражувачите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi