На кој од трите главни сексуални типови припаѓате?

25 јануари, 20150
4
Едно од најчестите прашања кои неретко им ги поставуваат на сексуалните терапевти е: Како да дознаам дали јас и партнерот сме компатибилни во кревет?

Ако меѓу нас нема хемија или никогаш не ни имало, дали е тоа лош знак? Ако сте еден од оние кои се прашуваат вакво нешто, тогаш мора да знаете дека хемијата и сексуалната синхронизираност уште на самиот почеток се наоѓаат само во филмовите.

Актерите се платени да покажат како изгледа епохалната љубов и компатибилност на прв поглед, што го вклучува и совршениот секс уште од почетокот на врската.

Пред се, за да можете потполно да се чувствувате пријатно пред другото лице морате да се чувствувате удобно во сопствената кожа.

Понатаму, имајте го на ум и тоа дека луѓето во спалната соба влегуваат со различни (не)искуства и стилови, а сексуалните терапевти тие стилови ги делат во три групи:

Романтичари – тие се темелат на сите клишеа кои се однесуваат на романтиката, тие сакаат интимни вечери со винo, а потоа лесно зближување и покажува нежност.

Конзервативци – веднаш сакаат да преминат на главниот дел, формални се и традиционални, па често се задоволуваат со веќе пробани методи или со само една сексуална поза. Од нив не очекувајте ништо возбудливо.

Авантуристи – тие се секогаш расположени за да пробаат нешто ново на различни места и под различни околности, со нив никогаш нема да ви биде досадно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *