Ова се најљубоморните хороскопски знаци

26 ноември, 20140
9

Овен

Кога страстите кај вас ќе зовријат, вашето повредено срце не бира ни време ни начин кога и како ќе ја покаже својата љубомора. Воопшто не ви е гајле кој и што ќе мисли за вас во тој момент. Сомнителни сте, посесивни и многу љубоморни поради влијанието на вашите владетели, Марс и Плутон – симболи на силни и зовриени емоции, поради кои вашиот партнер е стално под ’лупа‘.

Бик

Вашата посесивна природа тешко поднесува било каков вид предавство од страна на партнерот, дури и ако само со поглед проследил нечии убави нозе, задник или пак прокоментирал нечија спортска градба. Вашата доверба е веќе нарушена, а сомнежот и црвот на љубомора веќе започнуваат да ве ’јадат‘. Вашето астролошко поле на партнерски односи го управува моќниот Плутон, па сакате да имате контрола над партнерот.

Близнаци

 Со вас управува планетата на логиката, Меркур, поради што вас љубомората ве обзема поретко од останатите знаци. Меѓутоа, бидејќи сте свесни за својот шарм и впечаток кој го оставате на спротивниот пол, јасно ви е дека и вашиот партнер може да се најде во слично искушение. Тогаш се вклучува вашиот тивок аларм за љубомора, па иако не правите сцени и не кршите се по дома, ќе се обидете со вешти ’замки‘ да го задржите партнерот на свој терен.

Рак

Иако не делувате така, вие сте доста посесивни и полни со сомнеж. Вашата владетелка Месечината, симболот на интуиција, силни емоции и потреба за сигурност, непогрешиво ве предупредува кога нешто може да го загрози вашиот однос со партнерот. И затоа имате сопствен разработен систем на заштита од лошите чувства. Доколку немате доказ, едно време ќе молчите, а ако го имате, тоа многу тешко ќе го поднесете.

Лав

Иако ви импонираат партнери кои не може да останат незабележани, поради својата посесивна природа не можете да ги избегнете замките на љубомората. Со вашиот достоинствен знак управува Сонцето, симболот на гордоста, па предавството на партнерот ве погодува силно, дури и ако во прашање е обичен флерт. Иако сте свесни за својата отвореност и топлина, љубомората ве опоменува дека партнерот е ладен кон вас.

Девица

 Повод за љубомора кај партнерот може да бидат вашите врски на работа, затоа што таму го поминувате најголемиот дел од времето. Под влијание на вашиот владетел Меркур, симболот на комуникација, понекогаш не сте свесни колку уживате во најчесто беспредметните флертови со колегите. Поради тоа се сомневате и во верноста на партнерот затоа што доаѓате до логичен заклучок дека ни тој не е имун на такви ситуации.

Вага

Иако не спаѓате во знаците кои се претерано склони кон љубомора, вашиот партнер сепак нема добро да помине ако му падне на ум да ’шара-бара‘ наоколу, било со поглед, СМС пораки или на некој друг начин. Иако сте прилично рационални, со вас сепак управува Венера, планетата на љубовта, па не ги поднесувате било кој да ви го загрозува односот со партнерот. А доколку ситуацијата почне да бега од вашата контрола, кај вас се буди желбата за одмазда.

Скорпија

Се наоѓате на врвот на листата на знаци на кои љубомората им го загорчува животот. Вашата страствена, но многу ранлива природа под влијание на планетите на еротиката, сексуалноста и силните емоции, Марс и Плутон, вашите владетели, бурно реагира и на некои неважни ситници кои некој друг не би ги ни забележал. Сепак, кај љубомората е добро прикриена со вродената самоконтрола, но вашиот поглед говори илјада зборови. Па кога сте повредени, желбата за одмазда е на прво место!

Стрелец

 Симболот на правдољубивиот знак, стрелецот кој ја затегнува стрелата директно во метата, на некој начин го симболизира и начинот на кој ги решавате евентуалните проблеми во емотивната врска. Веднаш реагирате доколку вашиот љубовен партнер ве прави љубоморни и кажете му дека тоа ви смета. Затоа што ако преминете преку таквите ситуации, свесни сте дека некој друг пат можеби нема да бидете така толерантни.

Јарец

Иако не делувате така, доста сте ранливи и ве погодуваат ситници во кои вашиот партнер (не)свесно ве прави љубоморни. Секако, тоа не го покажувате и патите во себе затоа што ви е повредена и гордоста и нарушено достоинството. Доколку успеете да ги пребродите бурите и невремето во сопствената душа, станувате далеку повнимателни. Меѓутоа, лагата и неверството не ги толерирате , па доколку го фатите партнерот на дело, тоа е крај.

Водолија

Поради нагласената суета, тешко ги поднесувате ситуациите во кои треба да ги покажете своите слабости. Со вашиот знак управува Уран, планетата на флертот и авантури, па партнерите ги одбирате по тоа колку ќе можат да ги толерираат вашите каприци. Но, доколку поради личноста која ја сакате, сте се нашле во ситуација да ве обземе пламенот на љубомората, ќе се потрудите тоа да го прикриете и со своето однесување и начинот на комуникација со неа.

Риби

Со вашиот хиперсензитивен знак управува Нептун, симболот на занес, вљубување и романтика, па комплетно му се оддавате на партнерот кој што го сакате. Сепак, поради тоа и лесно може да бидете повредени. Ако поради личноста која ви е важна, почувствувате љубомора, прво започнувате да ги преиспитувате сопствените постапки. Неверството можеби и ќе го простите, но чувството дека слична ситуација може и да се повтори, не ви дава мир.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *