Писмо до жената што ме замени во неговото срце

31 август, 20150
11

„Има неколку работи кои мислам дека треба да ги знаеш, кога веќе си со него.

Нека не те изненадува тоа што брзо ќе се заљубиш во него и не го спречувај тоа. Нека не те вознемирува мојот профил на Фејсбук. Таму имаше многу фотографии од нас, но сега тие се дел од минатото.

Сигурно веќе ги избришал. Тој нема да ти зборува многу за мене. Не им зборуваше ниту на другарите. Беше убава еднострана љубовна приказна од минатото, но сега ти си неговата иднина.

Ние не се знаеме лично, иако верувам дека веќе не ти се допаѓам. И јас така реагирав првично кога дознав за тебе, но сфатив дека ние имаме нешто прекрасно заедничко и тоа нè поврзува, сакале или не.

Не грижи се, нема да му пишувами да му ги лајкувам објавите на социјалните мрежи. Не можам да ти ја кажам секоја тајна поврзана со него, бидејќи ми требаше многу време додека откријам некои работи. Но, верувај, има причини зошто тој не ти кажува што бара од тебе и има причини зошто не го прави тоа што ти го сакаш.

Ќе ги прави работите кои него го прават среќен, ќе го побара истото да го правиш и ти со него. Можеби ќе ти бидат досадни неговите филмови, но ќе се радуваш и ќе уживаш затоа што тој е среќен.

Ќе го видиш пијан, може да биде и малку незгоден, но не сфаќај ништо лично. Штом се отрезни, тој ќе биде истиот оној во кој си вљубена и ќе дојде со насмевка и длабоките сини очи да те погледне и да те освои.

Кога ќе се заљуби во тебе нека не те плаши тоа што може да го видиш како плаче, бидејќи тогаш излегуваат сите емоции од него. Кога ќе се заљуби во тебе, ќе спиеш помирно и ќе ти исчезнат сите стравови.

Тој не е од оние момци кои сакаат премногу емотивност, затоа не го барај тоа од него. Биди среќна само ако чувствуваш дека е заљубен во тебе.

Тој има поголеми соништа од она што верува дека може да го оствари, затоа твоја задача е да го поддржиш, да му подадеш рака и да веруваш во него.

Тој ќе направи да го гледаш светот поинаку и да те интересира она што никогаш не си го знаела.

Кога сте излезени ќе те гледа цело време како да си единствена во просторијата, нека не те плаши и сакај го како што заслужува.

Ќе ти зборува за грешките од минатото, но не му се лути.

Се надевам дека ќе го сакаш како што заслужува и дека тој ќе те сака како што мислев дека ме сака мене. Се надевам дека е искрен со тебе, како што никогаш не беше со мене. Но, најмногу од сè се надевам дека ќе ја добиеш бајката која некогаш мислев дека е дел од мојот живот.

Запомни дека не те мразам, но ќе бидам искрена дека сум ти љубоморна. Јас го прифатив тоа што е и среќна сум што некој друг добива шанса да ја доживее среќата што јас барем мислев дека ја доживувам.

Се надевам дека еден ден ќе се запознаеме и ќе имаме поврзаност како никој друг, бидејќи верувам дека си прекрасна личност, бидејќи тој внимава во која девојка се вљубува.

Единствено те молам да не го повредиш како што тој ме повреди мене. Верувам во карма и во тоа дека луѓето го добиваат тоа што го даваат, но никогаш никому не му ја посакувам таа болка, посебно не нему.

Ти го имаш човекот од нашите соништа и искрено се надевам дека ќе ти успее да го задржиш“.

Искрено,

Другата девојка

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi