Прекрасна љубовна приказна: Кафето со сол…

17 април, 20140
18

Се запознаа на забава. Таа се издвојуваше од средината, многу момчиња ја “бркаа”. Тој беше просечно момче, никој не обрнуваше посебно внимание на него.

При крајот на забавата, тој ја покани на кафе. Беше изненадена, но од учтивост прифати.

Неколку дена подоцна, седнаа во фино кафуле. Тој беше толку нервозен што не можеше да зборува. Тоа направи таа да се почувствува непријатно  и едвај чекаше состанокот да заврши и да си оди дома.

Во тој момент дечкото му се обрати на келнерот, “Ќе ми донесете ли сол, ве молам? Би сакал да ставам малку во моето кафе.” Сите кои го слушнаа тоа останаа стаписани. Неговото лице поцрвене, но сепак си стави сол во кафето и се напи. Таа не издржа и го праша, “Сол и кафе? Зошто?” Тој одговори, “Kога бев мал живеев покрај море, и многу сакав да си играм на брегот и во морето. Дури и сега можам да го осетам вкусот на морето. Вкусот на соленото кафе ме потсетува на вкусот на морето, на моето детство, на родниот град што толку многу ми недостига.” Додека го кажуваше тоа неговоти очи се наполнија со солзи. Таа беше трогната од моментот, и фактот дека тој покажа длабоки емоции уште на првиот состанок. Маж кој ќе признае деке е носталгичен кон својот роден град, кон својот дом, мора да си го сака домот и семејството. Тогаш и таа почна да зборува за својот роден град, своето детство, семејство…

Беше тоа убав разговор, и почеток на нивната прекрасна врска. Продолжија да излегуваат, и таа откри дека тој ги исполнува сите стандарди кои таа ги бара кај еден маж. Беше толерантен, со големо и нежно срце, топол и внимателен. Тој беше толку добра личност, а таа замалку ќе го пропуштеше. Балагодарение на неговата навика да пие солено кафе, и ништо друго, таа виде дека тој е перфектниот партнер за неа. Приказната продолжи како бајка. Принцезата се омажи со принцот, имаа мноу деца и живееа среќен живот исполнет со многу љубов. Секогаш кога му правеше кафе, ставаше сол наместо шеќер, бидејќи знаеше дека така го сака.

По 40 години заеднички живот тој почина, но и остави писмо:

“Најдрага, те молам прости ми, прости ми што целиот мој живот е лага. Секогаш ти ја кажував само вистината, освен еднаш. Соленото кафе. Се сеќаваш на нашиот прв состанок? Бев толку нервозен тогаш што по грешка место шекер нарачав сол. Но бидејќи бев нервозен не можев да се поправам, па продолжив натака и го испив соленото кафе. Не ни помислив дека токму соленото кафе ќе го скрши мразот, и дека ќе биде старт на нашата комуникација. Пробав да ти ја кажам вистината толку многу пати, но бев толку испашен дека ќе те повредам и изгубам. Сега умирам, и сеуште ми е страв да ти ја кажам вистината. Не сакам солено кафе, колку чуден и лош вкус… Но го пијам цел мој живот. Го пијам од кога те знам, и никогаш не зажалив. Најголемата моја среќа е тоа што те имав тебе во животот. Кога би имал шанса да живеам уште еден живот повторно би го живеел со тебе, па дури ако треба да пијам солено кафе повторно. ”

Еден ден, некој ја праша, “Каков вкус има соленото кафе?”

“Сладок”, рече таа.

Соленото кафе има одвратен вкус, освен кога се пие со љубената/љубениот!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *