Провери дали сака сериозна врска

26 август, 20140
12

Ако сте заедно 6 месеци, а тој не ти дал ниту еден знак за иднината на вашата врска, еве што би требало да направиш..

Ниту еден пар не би требало да „тапка во место“ до бескрајност. Доколку добро функционирате, но ти не си сигурна во кој правец оди вашата врска, разговарај со партнерот на таа тема. Но- без да го обврзуваш!

На пример, ако планираш да го запознаеш со своите родители, прашај го дали сака сите заедно да одите на вечера, но кажи му дека е во ред ако сеуште не е спремен на тој чекор.

Ако си сигурна дека сакаш работите да станат посериозни, слободно кажи му го тоа. Објасни му каков вид на врска посакуваш, и не поставувајќи ултиматум, кажи му на својот сакан што претставува за тебе посветеност и сериозна врска. Ако сеуште не е спремен на тој чекор, дај му неколку седмици да размисли. Но, доколку и понатаму не сака да разговара на таа тема, би требало добро да размислиш за вашата врска.

Мораш да одлучиш што повеќе сакаш- искрен посветен партнер или овој кој што го имаш, а кој можеби никогаш нема да биде посветен на тебе колку што ти би сакала..

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi