Сакате мажите да ве сфатат сериозно, а не како едновечерно задоволство?

10 мај, 20150
19

Сакате нешто повеќе од физичка активност?  Какви жени сакаат мажите?  AskMen.com. ги праша мажите и тие одговорија вака:

Слатка
Таа е секогаш позитивна, слатка, задоволна со животот и е вистинско задоволство да се биде во нејзино друштво. Нема ни трошка зло во себе и секогаш му е на располагање на својот маж. Затоа мажите ги обожаваат, но ретки се на „пазарот“.

Рамноправнa
Таа е феминистка, но не ги мрази мажите. Напротив, ги сака и ги почитува и добро се согласува со нив. Паметна е, забавна и отворена за многу нови искуства што особено ги радува мажите. Таа верува во партнерската рамноправност и не се однесува како слабо и незаштитено девојче, па мажот со неа може да има навистина прекрасен живот.

Секси
Таа сака мажи и секс и не се плаши да го признае тоа. Таа не е промискуитетна и не го користи сексот како манипулација, туку едноставно ужива во него. Другите жени не ги сакаат многу, но затоа мажите ја губат главата по нив. Врската со нив е вистинско задоволство.

Најдобра пријателка
Таа е многу слична на госпоѓица Слатка. Грижлива е, секогаш е тука за својот партнер, може да разговара за се, имаат заеднички интереси и сакаат да прават се заедно.

Независна
Таа е силна, храбра,паметна и способна. Има организиран живот и не и треба маж за да ја усреќи и да и го исполни слободното време. Некои мажи се плашат од неа, но грешат, затоа што, таа е речиси идеална партнерка.

Шармантна
Таа можеби не е најубавата жена што сте ја виделе, но сигурно е една од најпривлечните. Таа е посебна, згодна, поинаква и поради тоа ги привлекува мажите. Кога ќе се појави некаде, не може да помине незабележано. Шармот е нејзиното главно оружје и поради тоа може да биде забавна партнерка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *