Што да правите ако ве фатат на дело?

29 март, 20150
11

Некои мажи не сакаат да го видат очевидното, други ве посипуваат со дожд од навреди, а најлошите со физичка пресметка. Како да се извлечеме од ваквата опасна стапица?

Се се случува во животот. Како и тоа да паднете во искушение и да го изневерите партнерот.

Но станува комплицирано ако тој дознае… тогаш настапува моментот кога чувствувате како брзо ви се дига адреналинот.

Во ваква гадна ситуација, неопходно е да знаете како да реагирате уште во првите минути. Зошто од тоа зависи вашата понатамошна иднина и судбина.

Дали да напаѓате или да се заштитувате? Да продолжувате ли да го залажувате или да си признаете?

А за да можете моментално да го изберете соодветното поведение, треба да знаете, дека мажите реагираат сосема различно во ваква ситуација.

Кога мажот сам не сака да поверува на она што речиси му ги боде очите

Во ваков случај, дури и да ве фатил со љубовникот во кревет, треба колку може поуверливо да докажувате, дека ништо не се случило. Но треба многу силно да ја заштитувате тезата или „лагата“, а на фактите да им противоречите со својата артистична дарба и упорност. И тогаш тој, внатрешно несакајќи да верува на вистината, ќе ја прифати вашата „вистина“.

Тој е сомничав и сака да навредува и да зборува

Него не можеш да го убедиш. Неговата стихија е многучасовен порој од горчливи навреди. Да го слушаш е толку непријатно но и толку неопходно. Зборовите со кои ве напаѓа се неговото лекарство. Важно е да види дека зборовите ве погодиле.

Ако престане да зборува, треба да го предизвикате, за да го продолжи својот монолог.  Нека си зборува се додека се измори. На крајот на овој маратон добро би било да пуштите и некоја солза. И не чудете се ако и неговите очи се насолзат.

Тој е љубоморен како Отело, најопасниот од сите

Не е ни потребно да ве фати на дело. Само поради сомнеж може физички да ве нападне. Во такви опасни за вас моменти многу е важно веднаш да го прилагодите својот нервен систем во зависност од степенот на неговото безумие.

Од него летаат искри, нека летаат и од вас! И никакво двоумење!  Или „Виновна сум и затоа сега ќе се фрлам од прозор!“ или „Не сум виновна за ништо и затоа сега ќе се фрлам од прозор!“.

Колку по безумна изгледате во тој момент, толку подобро.  Можете да кршите чинии, да вриштите…важно е да го избезумите, а после да му се обесите на вратот облеана во солзи, како да е крајот на светот.

Мажот не реагира, молчи како риба

Кога мажот молчи, е опасен зошто не знаете што да очекувате од него. Се среќаваат и такви типови кои го гледаат светот како несовршен, а жените за нив се само дел од таквиот свет, исто така несовршени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *