Што се случува со нашиот организам кога се гушкаме?

22 април, 20140
10

Научниците веруваат дека сето тоа има и исклучително позитивно влијание врз човековиот организам и целокупното здравје. Една искрена прегратка од драг пријател или партнер може да има исклучително силно влијание врз нашето тело, па како и насмевката, научниците откриле дека и прегратката има лековити својства.
Истражувањата покажале дека прегратката е неверојатно делотворна при лекувањето на најразлични физички болести, како и при осаменост, депресија, анксиозност и стрес.

Во студијата спроведена на Универзитетот во Северна Каролина, истражувачите откриле дека прегратките го зголемуваат нивото на хормонот за “поврзување”, окситоцин, го намалуваат ризикот од срцеви болести, го намалуваат крвниот притисок и нивото на стрес, односно нивото на хормонот кортизол.

Како нашето тело реагира на прегратката?!

Според истражувањето спроведено на Универзитетот во Северна Каролина, при гушкањето на заљубен пар во текот на 20 секунди, во нивното тело било забележано значајно зголемување на нивото на окситоцин, хормонот кој инаку најмногу се излачува во текот на пораѓањето или доењето. Исто така, и пријателската прегратка предизвикала значаен пораст на овој хромон, но сепак, не толку голем како и љубовната прегратка.

Во меѓувреме, нивото на кортизолот, хормонот на стрес, значајно се намалил кај жените, а иста била и ситуацијата со крвниот притисок. Водителот на истражувањето и психологот Карен Груен изјавил: “Поддршката на партнерот се поврзува со поголемата количина на окситоцин кај мажите и жените. меѓутоа, важноста на окситоцинот и неговите потенцијални кардиозаштитни влијанија можат да бидат поголеми кај жените”.
Во друга студија поврзана со прегратките, спроведена во рамките на проектот “Nestlé Happily Healthy”, учествувале речиси 60.000 луѓе од Австралија. На чело на проектот бил др.Антони Грант, психолог на Универзитетот во Сиднеј.

Неговиот заклучок гласи: “Науката ни вели дека допирот има важно влијание врз телесното и менталното здравје. Докажано е дека допирот го намалува крвниот притисок и стапката на отчукувања на срцето, го зголемува имунолошкиот систем и ја намалува болката. Прегратките ослободуваат окситоцин, хормон кој ги тера луѓето да се чувствуваат сигурно и кој го намалува нивото на кортизол, со што се намалуваат и стресот, тегобите и осаменоста”.

Предности на прегратките

Луѓето очигледно се друштвени суштества, за што сведочат и безбројните студии кои покажуваат дека оние кои што одржуваат блиски пријателски врски, како и оние кои се во брак, се и физички и психички поздрави.
Истражувањата покажуваат дека искрената прегратка, во која што две срца се притиснати едно покрај друго, ги имаат следните предности:

Прегратката гради доверба и чувство на сигурност, а помага и во отворената и искрена комуникација.
Прегратката може значително да го зголеми нивото на хормонот окситоцин во организмот, што е исклучително корисно.
Долгите прегратки го подигнуваат нивото на хормонот серотонин, хормонот одговорен за доброто расположение и чувството на среќа

Прегратките го зајакнуваат имунолошкиот систем. Тој ја стимулира тимус жлездата, која што пак го регулира и урамнотежува телесното производство на бели крвни зрнца.

Гушкањето ги опушта мускулите и напнатоста во телото, а исто така, прегратката може и да ја ублажи болката.
Прегратките го намалуваат и нивото на хормонот кортизол, задолжен за стресот во организмот.

Гушкањето може инстантно да го подобри расположението.

Прегратките се целосно бесплатни!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi