5 трендови обувки за сезона есен-зима 2014

3 ноември, 20140
9

Зимата е на прагот, а ниските температури нè принудуваат што подобро да ги заштитуваме стапалата од ветровитото и влажно време. Новите трендови на прво место се практични, затоа што предлагаат обувки во кои вреди да инвестирате и кои ќе сакате да ги задржите долги години во плакарот.

Обувките можеби ги облекуваме последни пред да го преминеме куќниот праг, но тоа не значи дека имаат слабо влијание врз комплетниот стилски впечаток. Фрлете поглед на трендовите кои ќе царуваат во најстудената сезона.

Високи чизми преку колена

Ултра високите чизми кои ги покриваат колената се највпечатливиот тренд кај зимските обувки, а не им одолеа ниту првата дама на САД. Тие се знак на самодоверба, но и мал моден предизвик.Пред да се вратат на модната сцена пред неколку години, жените ги избегнуваа превисоките чизми поради асоцијацијата со еротиката и сексот. Побезгрижен избор се моделите со рамна и ниска потпетица, затоа што помалку треба да внимавате со комбинирањето на облеката. Од друга страна, превисоките чизми со висока штикла бараат стратешки комбинации кои не вклучуваат премногу кратки и тесни здолништа или предлабоки деколтеа.Како мини тренд се издвојуваат таканаречените чизми-чорапи, односно високи чизми кои се тесни како чорапи.

Чизми до глужд со метални детали

Металните детали со златен или сребрен финиш се како накит за чизмите и визуелно го збогатуваат вашиот аутфит. Токи, нитни, шајбни, апстрактни елементи… сè што има малку метален сјај се поклопува со дизајнерските визии за студените месеци

„Јавачки“ чизми


Чизмите во јавачки стил се чиста класика и никогаш нема да останат занемарени во зима. Со нив безгрижно ќе газите за време на дождливите и снежни денови, а вашите стапала ќе ви бидат благодарни за комфорниот избор.

Бунтовни „моторки“

Навраќањето на гранџот и панкот за нова модна инспирација неизбежно оди рака под рака со популаризирањето на моторџиските чизми, а донекаде и на чизмите во војнички стил. Нивниот груб изглед може да биде пикантен зачин за женски комбинации кои говорат за беспрекорен стил.

„Гламурозни“ патики

Навистина неочекувано, патиките влегуваат на територијата на гламурот. Независно дали се со висока полна потпетица или ниски, модерните патики се украсени со метални детали со златен или сребрен отсјај, златни патенти или додатоци на патентите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi