9 цитати поради кои ќе го засакате своето тело

23 април, 20140
8

Време да се засакате себе си и вашето тело баш такво какво што е …

Прочитатјте ги инспиративните цитати за телото и самодовербата кое со вас го споделуваат познататаите актерки , модели и спортистки.

• Сакам жените да знаат дека можат да носат било која големина и пак да бидат убави физички и духовно. Секогаш ни кажуваа што е добро, а што не е. Тоа сигурно не е во ред – изјавува американската тенисерка и актуелен светски број 1 Серена Вилијамс .

• Нема потреба да се слави само еден тип на тело, а да се омаловажуваат другите. Ние мораме да престанеме со оваа апсурдна омраза према телото, само затоа што тие се со различни големини. Тоа не помага никому. Само фокусирајте се да бидете се подобри што можете и да престанете да се грижите за вашите бутови, нема ништо лошо со нив – вели манекенката Џени Ранк .

• На младите жени би им порачала да не се грижат толку многу за својата тежина. Девојките трошат премногу време во размислување за тоа , а постојат и подобри работи. На младите мажи и жени би им порачала дека тоа што ги прави различни е нивната енергија. Порано го мразев својот нос. Сега повеќе не – актерката Мерил Стрип.

• Сите девојки можат да бидат убави -тенките, буцкасти, ниските, многу високите, црните, бледоликите, необичните , непријатните, срамежливите… Сепак не е се толку едноставно, бидејќи луѓето се сеуште ограничени во тесната рамка на убавината…Излезете од таа рамка… погледнете се во огледалото и пронајдете ја единствената убавина во себе – вели моделот Tајра Бенкс.

• Вистинската убавина доаѓа од душата. Променете што треба да промените во вашата суштина – вели моделката Али Тејт.

• Дебелината е опасен збор. Но, ако го користите доволно често, таа ќе стане само една од вашите особини. Порано, за себе велев дека имам облини. Затоа секогаш бев вознемирена кога луѓето ме нарекуваа дебела. Признанието во себе, сепак, ми даде сила : Да, јас сум дебела, но исто така имам многу други особини кои можам да ви ги претставам – вели моделката Тес Манстер.

• Растејќи , никогаш не ги прифатив своите облини, но кога добив можност да станам модел со плус големина, почнав да го ценам своето раскошно тело и да се сакам себе си, не само однадвор, но и внатре – вели моделот Хајли Хаселхоф .

• Големата самодоверба доаѓа од внатре, таа е пријатна и преубава – вели моделот Eме .

• Се што можам да кажам е дека единствениот човек кој може да ве донесе до финишот сте вие самите. Ако верувате во себе и другите ќе веруваат во вас. Бидете горди на тоа што сте и не се менуваат за никого – вели моделот Денис Бидот .

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *