Чисто лице без акни со домашен лек од “чувар куќа“

25 август, 20150
01

Чувар куќа е лековито растение, добро познато на нашите баби и користено против многу болести. Денес ќе ви покажеме како да го исчистите лицето од акни и лузни од акни со помош на домашен лек подготвен од ова скапоцено растение. Лекот се подготвува многу лесно и докажано е многу ефикасен. Пробајте и уверете се – нема ништо подобро од лекување со моќта на природата!

Начин на подготовка на лекот:

20 грама свежа билка и 30 грама сув лист од Чувар куќа да се прелие со литар вода да преноќи. Следниот ден да се стави на оган да зоврие и да се остави да врие 15 минути.

Треба да отстои поклопено да се лади околу 20 минути па да се процеди.

Со оваа течност лицето треба да се чисти пет пати дневно, а постапката да се повтори неколку пати, се додека лицето не се исчишти од акни. Лосионот се чува во стаклен сад во фрижидер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *