Исплакнете ја косата со лимон и повеќе нема да се мрси

11 јуни, 20180
1

Плакнењето на косата со природни состојки прави чуда за квалитетот на косата. Тоа, како што велат фризерите, важи за сите видови на коса, од мрсна, исклучително сува, темна, светла и чувствителна коса.

За сјај на косата најдобро е да користите пиво, а третманот е доволно да го примените еднаш во месецот.

Еве со што сè можете да ја миете косата:

Пиво
Кога ќе ја измиете косата, добро истријте ја, исплакнете ја со пиво, тоа на косата ќе и даде сјај и волумен поради витамините и шеќерот.

Лимон
Плакнењето на косата со лимонов сок е добро за осветлување на косата, но има уште една намена – помага доколку имате мрсен корен. Исцедете лимон, сокот измешајте го со половина филџан топла вода, растворот нанесете го на коренот и оставете да делува пет минути. Исплакнете со млака вода.

Бреза
Исклучително е лековито плакнењето на косата со чај од лист од бреза. По третманот влакното станува сјајно и свиленкасто.

Коприва
Чајот од коприва може да го ублажи појавувањето на првут, а разблажениот оцет од коприва помага косата да не паѓа. За да добиете идеален раствор, три четвртини од тегла наполнете со лист од коприва. Додајте кора од 300 грама јаболко. Оставете ја смесата на топло место пет недели. Два пати неделно измешајте ја смесата. Со сокот исплакнете ја косата.

Липа
Цветот од липа е лек за коса расцветана од фенирање или бојадисување. Во филџан жешка вода ставете лажиче цветови од липа, изладете ја смесата и исплакнете ја косата со неа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi