Јаболков оцет: Отстранува акни, брчки и пеги

27 ноември, 20140
2

Јаболковиот оцет, верувале или не, не е полезен само во кујната, туку претставува една од најдобрите природни козметички состојки кои ни се на располагање. Освен тоа оцетот е лесно достапен и ефтин. Употребата на оцет врз вашето лице е сигурна, со оглед на тоа дека се работи за природен производ. Меѓутоа, ако сакате најдобри резултати, ќе мора да го користите на вистинскиот начин.

Јаболковиот оцет ги намалува порите. Отако ќе го измиете и исушите лицето, се што треба да сторите е да нанесете оцет со памукче на оние места каде порите се поизразени.

Јаболковиот оцет слободно може да се нарече чистач. Една од главните предности е фактот дека јаболковиот оцет навистина може да ги излекува акните. Со оглед на тоа дека оцетот е цитрус по природа, има способност да ги убие заразните бактерии на кожата. Измешајте јаболков оцет 1:1 со сандалово масло и смесата нанесете ја на лицето. Оваа маска е апсолутен хит за лекување акни и отстранување на лузни.

Анти – ејџинг

Употребата на јаболковиот оцет на лицето исто така има и анти – ејџинг својства. Оцетот може да го успори процесот на стареење на вашата кожа. Измешајте оцет и мед во сооднос 1:1 и нанесете ја маската на лицето. Нека отстои 20 минути, а потоа само исплакнете со млака вода. Тоа ја спречува појавата на нови брчки и старечки пеги.

sirce-njega

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *