Мал трик кој ќе направи чудо за вашата коса

24 август, 20140
7

Доколку сеуште не сте го испробале најновиот тренд на обратно миење на косата, крајно време е тоа да го направите. Овој одличен метод ќе направи вашата коса да изгледа убаво и без помош на професионалци и скапи производи.

Во што е тајната? Најпрво ставете регенератор, а потоа шампон.

Зошто? Теоријата е дека без оглед на тоа колку ќе ја исплакнете косата по употреба на регенераторот, никогаш нема во потполност да го отстраните, а тоа ќе резултира косата да биде тешка и без сјај.

Со промена на распоредот на миење на косата, ќе и овозможите регенераторот да ја потхрани, да и даде сјај и волумен.

Овој метод го испробала новинарката на Daily Mail Anna Pursglove и се воодушевила.

Што треба да направите? Навлажнете ја косата и нанесете регенератор најмногу на врвовите и малку на коренот. Оставете да отстои 5 минути, а потоа добро измијте се. Дури тогаш доаѓа на ред шампонот.

Косата ќе стане блескава, нема да има електрицитет, а ќе биде мека и густа!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *