Пет начини да ја исправите косата без пегла

23 август, 20140
13

Ако не сакате постојано да ја горите косата со пегла, за да биде права, ќе ви предложиме неколку начини, од кои коста ќе почне да се исправува.

Предноста на овие процедури е што можете да си ги направите во домашни услови, а освен посакуваниот резултат, ќе имате и блескава коса.

Врело масло

За оваа процедура ќе ви бидат неопходни кокосово и обично масло. Измешајте ги и нанесете на сува коса, која потоа ќе ја завиткате со топол пешкир.

Косата исплакнете ја по 45 минути.

Мед и млеко

Можете да користите само млеко или да направите комбинација од мед и млеко. Ако се решите за првата комбинација, во шише со распрскувач најпрво ставете го млекото, потоа напрскајте ја косата, која треба да ја измиете за 10 минути. Ако се решите за втората комбинација на смеса од мед и млеко, најдобро ќе биде, ако додадете испасирани јагоди или банани. Нанесете ја смесата врз косата и измијте ја по 90 минути.

Јаболков оцет

Една супена лажица јаболков оцет измешајте со чаша вода, ставете ја смесата во шише со распрскувач и нанесете врз влажна коса. Оставете да дејствува неколку минути па измијте ја.

Масло и јајца

За ова е неопходно да измешате две јајца со малку масло. Нанесете врз косата и по еден час измијте ја.

Лимон и кокос

Ова е уште еден начин, кој ќе допринесе за корегирање на косата. Изрендајте го кокосот и додадете вода со цел да се оддели од млекото. Потоа додадете лимонов сок и смесата ставете ја во фрижидер. Откако кремот е готов нанесете на косата и завиткајте ја во топол пешкир. Исплакнете по еден час.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *