Погледнете ја моќта на вежбањето и промената на исхрана

21 август, 20140
01

Шанел Хejс, британската реалити звезда и поранешен модел минатата година имала 83 килограми. Од тогаш до сега успеала да симне 20 килограми и денес се придржува до советите за добра линија.


Таа во 2010-та година започнува љубовна врска со фудбалерот Метју Бејтс, останува бремена и го раѓа синчето. Набргу потоа двојката се разделува.
За време на бременоста таа се здебелила многу и спасот го побарала во липосукцијата наместо во вежбањето и промената на исхрана.

Резултатите биле краткотрајни. Шанел депресијата ја лечела со храна. Кога решила вишокот на килограми повеќе да не бидат нејзин проблем таа се откажала од благото и мрсната храна.
Неуморно тренирала па сега ужива во резултатите на својот труд.

Ја довела својата линија до совршенство. “Тешката работа се исплатеше” -изјавила таа.
Таа сега на социјалните мрежи објавува фотографии со напомена дека не се фотошоп и други трикови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *