После ова косата повеќе нема да ви паѓа, а и ќе расте многу побрзо

1 мај, 20150
6

Позната новинарка од списанието Allure се изненадила кога од фризерката добила необичен совет против косопад: Нанеси само малку цимет на темето и убаво измасирај го скалпот само неколку минути.

Оваа информација подоцна ја проверила и кај својот дерматолог кој и објаснил дека циметот е еден од најдобрите природни стимулатори за брз раст на косата како и ефикасен лек против косопад.

Дерматологот Франческа Фуско изјавила за списанието дека нејзините пациенти биле мошне задоволни од овој совет.

На сите кои сакаат да го пробаат циметот како лек против косопад им препорачува во маслиново масло да додадат лажица цимет за да се добие погуста смеса, и со препаратот да го масираат скалпот неколку минути, а потоа да остават лекот да отстои неколку часа. Остатокот од маската треба да се нанесе и по должината на косата за да се зајакне влакното и да не пука.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *