Рецепт за маска од Софија Лорен со подмладувачки ефект!

22 јули, 20140
1

Секоја жена која се грижи за својот изглед и сака долго да ја сочува својата убавина и младост, треба да ја применува оваа маска. Ефектите се видливи дури и по првото нанесување!
Овој рецепт за маска со подмладувачки ефект доаѓа лично од познатата актерка Софија Лорен, која изгледа извонредно и на 80 години! Маската лесно се подготвува и навистина има неверојатни резултати!
Состојки: 1 ќесичка желатин (10 гр.), 150 гр. кајмак (млеко, кефир или јогурт), 1 мала лажичка глицерин, 1 мала лажичка мед.
Кајмакот е добар за сува кожа на лицето. За нормална кожа, одговара повеќе млеко или јогурт, а за масна кожа кисело млеко, кефир или немасен јогурт.
Подготовка: Растворете го желатинот во кајмакот (или во друг млечен производ) и ставете го во фрижидер од 6 до 8 часа. Потоа, загрејте ја смесата на водена пареа, додека желатинот целосно не се стопи. Тргнете го на страна садот, додадете го медот и глицеринот и промешајте.
Почекајте неколку минути додека смесата не се подолади и нанесете ја на исчистено лице, вратот и деколте зоната. Држете ја 20-25 минути, потоа отстранете ја со хартиено или памучно марамче, потопено во млеко. Остатокот од маската исплакнете ја со топла, па потоа со ладна вода.
Подготвената маска можете да ја чувате во фрижидер 5 до 7 дена, и користете ја секој ден. Наутро можете да ја нанесете ладна на лицето, за да го освежите, а навечер малку загрејте ја (во микробранова печка или на водена пареа) за да се зголеми хранливиот ефект.
Ефектите на маската ќе бидат видливи уште при првото користење. Желатинот, како дел од оваа маска, ги “пегла” ситните брчки, ја омекнува и избелува кожата и ја подобрува циркулацијата. Исто така, има позитивно влијание на протеинскиот и аминокиселински метаболизам на кожата, бидејќи во целост ја подобрува нејзината состојба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *