Сода бикарбона: Магичните својства во служба на убавината

27 ноември, 20140
3

Натриумовиот бикарбонат, или попознат како сода бикарбона е бел прав кој е сигурно присутен во вашиот дом. Овој чудесен сојузник на убавината, поради своите благотворни својства, претставува и еден вид закана за фармацевтската индустрија. Ви претставуваме неколку примери за нејзината употреба за цели на убавината.

За свеж здив

Ако ве мачи непријатна миризба од устата, исплакнете ги устата и грлото со половина чаша вода и прстофат сода бикарбона.

Белење на забите

Без разлика дали сте пушач, страствен љубител на кафето или едноставно сакате да ги избелите забите, најдобар начин за да го направите тоа во домашни услови е со употреба на сода бикарбона.

Овој начин за избелување на забите е познат уште од антички времиња. Промешајте една лажичка сода бикарбона, малку сол и неколку капки јаболков оцет. Смесата треба да се запени и подготвени сте за четкање на забите. После тоа, исчеткајте ги забите со обична паста за заби. Овој метод за белење на забите правете го најмногу еднаш неделно.

zubi-tekst

Дезодоранс

Овој чудесен бел прав е одлична алтернатива за индустриски произведени дезодоранси и ефикасно ги отстранува сите непријатни миризби. Едноставно промешајте пола лажичка сода бикарбона со малку вода и веднаш нанесете под пазувите. Ако сакате да спречите потење промешајте пченкарно брашно и сода бикарбона во сооднос 6:1 и нанесете на посакуваната област.

Отстранување на шминка

Отстранување на шминката е ритуал кој го негува секоја жена. Ако сте во потрага по ефикасно и корисно средство, помош побарајте во кујната. Измешајте 2 чајни лажички сода бикарбона со една лажичка топла вода. Мешајте со прстите додека не добиете мека паста. Навлажнете го лицето со топла вода и нанесете ја пастата со нежни кружни движења. Темелно исплакнете и исушете го лицето со крпа.

Пилинг за мека и мазна кожа

Ревитализирајте ја вашата кожа со лесен и евтин пилинг. Направете паста од сода бикарбона и вода во сооднос 3:1 и ставете на рацете, нозете, лактите, но и на лицето. Нанесете со кружни движења, а потоа исплакнете. Исто така, сода бикарбона може да ви помогне да се ослободите од мозолчиња: направете паста со свежо исцеден сок од лимон и сода бикарбона, и периодично нанесувајте на посакуваната област.

tijelo-tekst

За сјајни нокти

Истурете малку сода бикарбона на влажна турпија за полирање на нокти и исчистете под и околу ноктите. Содата ќе ги омекне кутикулите, а ноктите ќе попримат посебен сјај.

Шампон за суво миење

Веќе не мора да потрошите богатство на специјални производи. Ако немате време да ја измиете косата со класичен шампон, искористете ги магичните својства на сода бикарбона. Едноставно посипете малку бел прав и талк на четката за коса и прочешлајте. Содата ќе ја апсорбира маснотијата, а вие за миг ќе бидете спремни за излегување.

koza-tekst

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *