Домашен лек од компир против киселини, изгореници, оток, главоболка и температура

13 април, 20140
5

Често пати лекот за многу болести ви е пред очи, а вие наместо тоа посегнувате по скапи но и штетни синтетски производи. Таков е и случајот со овие неколку ефикасни домашни лекови кои се подготвуваат од компир.

Компирот потекнува од Америка. Кај нас е доста распространет и се одгледува во домашни бавчи и на ниви. Подземниот дел се користи за исхрана и како лек.

Содржи: скроб, пектин, јаболкова, лимунова, јантарна, винска и млечна киселина, шеќер и декстрин, глутамин, аргинин, ацетикол, витамини А, Б, Ф особено Ц. Содржи и 1% минерална сол посебно калиум, како и целулоза, маснотии и разни ензими.

Против вишок киселини во желудникот

1 лажица сок од сиров компир се разматува во малку млака вода и се пие наутро пред јадење. Свежиот сок од компир дава подобар тен на лицето и подмладува.

За изгореници

Се прави ладна каша од рендан сиров компир, која исто така помага и како облога против реума, оток и воспалени зглобови.

Против чешање и бромки

Кожата се мачка со вода во која се варел компир.

Против оток

Се ренда еден сиров компир и во иста количина се додаваат изгмечени листови само од едно кое било од следниве растенија: спанаќ, чичак, зелка или магдонос, потоа се додава 1 кафена лажица бело брашно. Смесата се изедначува, се нанесува на газа или чиста крпа и се става на болното место, се покрива со сува чиста памучна крпа. Се менува два до три пати на ден.

Против главоболка и температура

Исечен сиров компир на тркалца се става на чело и на слепоочниците.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi