Едноставен трик, а делува беспрекорно: Ослободете се од комарците со оваа метода!

23 јули, 20140
2

Покрај тоа што се користи за ѓубриво на растенија, пилинг на кожата, засушениот талог од кафе или пак меленото кафе е одлично ефикасно средство и за комарците.
Бидете еколошки свесни и наместо да користите разни хемиски средства против комарците – користете го кафето!
Комарците, како и останатите инсекти, целосно ги одбива мирисот на кафе! Еве како тоа да го направите.
Напомена: Талогот од кафе е подобар, но можете да користите и обично мелено кафе.
Упатство:
1. Талогот од кафе ставете го во алуминиумска фолија. Оставете го на ладно и суво место, додека целосно не се исуши.
2. Ставете ја фолијата, со исушениот талог од кафе на тацна, на рамна површина и отворете ја. Бидете сигурни дека вашите домашни миленичиња или деца немаат пристап до оваа област.
3. Запалете го талогот или кафето, за да задими.
4. Талогот полека ќе гори, а чадот што се создава ги брка комарците.
Овој едноставен трик одлично функционира.
Освен комарците, кафето може да се користи и против мравки. Ставете кафе на местата каде што се појавуваат и проблемот е решен.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *