Имате студени раце и стапала? Дознајте ја причината

9 декември, 20140
2

Студените прсти на рацете и нозете почесто се јавуваат кај жените и ова е сосема нормална појава, но не смее да се игнорира.

 

Доколку забележите дека веќе неколку денови имате студенило по рацете и нозете, проверете ги овие 4 здравствени проблеми:

Анемија

Покрај студените раце и нозе, најчести симптоми се заморот и главоболката, па ако имате 2 од овие 3, добро е да го проверите железото во крвта. Недостатокот на кислород е главен виновник кој ве доведува до ова студенило.

Дијабетес

Чувството на студенило и трнење во рацете и стапалата е прв знак на дијабетес. Шеќерната болест остава последици на крвотокот и нервниот систем, па не би било лошо да ја проверите здравствената состојба.

Проблем со тироидната жлезда

Забавената работа на тироидната жлезда доведува до спор метаболизам кој се одликува со студенило во екстремитетите. Заморот, летаргијата, поспаноста и забавениот говор се само уште дел од симптомите кој може да следуваат.

Стрес

Стресот е најчест причинител за студенило. Тој го зголемува производството на адреналин кој ги стега крвните садови. Со самото тоа циркулацијата е сведена на минимум.

Прва помош против студени екстремитети

Добар совет е да ги спуштите рацете и нозете и благо да ги протресете. Доколку сакате да го решите проблемот на подолгорочен период, консумирајте здрави намирници и практикувајте физичка активност.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi