Излечете ја настинката со лук и вино

16 декември, 20140
3

Есента е период во кој настинките се многу честа појава. Вирусите напаѓаат од сите страни, а организмот ако не е правилно хранет и негуван многу лесно подлегнува на вирусни настинки и грибови.
Имунолошкиот систем е тој кој се бори со непосакуваните болести и затоа секогаш истиот треба да се одржува на завидно ниво.

Доколку до сега настинките беа ваша честа појава, благодарение на денешниот природен и здрав рецепт, истите можат за многу кратко време да станат ваше минато.

За лукот до сега имаме многу пишувано сѐ со цел да ги истакнеме неговите здравствени придобивки кои ги дава по однос на човековото здравје и да ја запознаеме јавноста всушност колку лукот е многу здрав и лековит.
И во овој рецепт главната состојка е токму лукот.
Благодарение на него не само што се зајакнува имунитетот со што се стекнува отпорност кон болести и вируси, туку лукот ја прочистува крвта ослободувајќи ја од штетните материи и токсини и го зајакнува целиот организам.

Рецептот не само што ќе ви помогне да го зајакнете имунитетот и да ја прочистите крвта, туку истовремено ќе ви го подобри и забрза метаболизмот, при што од телото ќе се исфрлат вишокот маснотии.

Потребни состојки:
за да го направите рецептот кој многу лесно се подготвува, потребни ви се само 12 средни по големина чешниња лук и ½ литар црвено вино.

Подготовка:
чешнињата лук се лупат и се сечкаат на четвртинки. Се ставаат во тегла и се додава виното. Теглата убаво се затвора и се чува на сонце 2 недели со повремено промешување. После две недели течноста се процедува, лукот се фрла а виното се собира во стаклено шише.

Начин на употреба:
во рок од еден месец, три пати на ден се пие по една мала кафена лажичка. Откако ќе ја потрошите дозата, ако мислите дека повторно треба да ја консумирате, задолжително направете пауза од шест месеци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi