Како да ја одредите вашата идеална тежина?

25 јануари, 20150
3

Веројатно за ова се имате запрашано повеќе пати, а не сте свесни дека суштината е во едноставната формула. Поентата е дека дневниот внес на храна и потрошената енергија треба да бидат еднакви. Дури потребно е и внесот да биде помал од потрошената енергија.

Ако храната која ја јадеме дава повеќе енергија отколку што може да потроши телото, организмот реагира на еден можен начин- го задржува делот што не му е потребен за нормална работа и го претвара во масни наслаги. Последиците се познати.

Како да ја одредите идеалната тежина ?

Идеална тежина е онаа што ќе остане кога од висината ќе го одземеме бројот 10. Значи, идеалната тежина за личност тешка 165 сантиметри е 55 килограми. Меѓутоа, сето ова е релативно бидејќи мускулната и коскената маса се индивидуални. Според тоа, резултатот може да варира два до три килограми. Личноста која не се занимава со физичка активност, треба да го сведе дневниот внес на храна на 1200 до 1500 калории, додека кај личностите кои се занимаваат со спорт се дозволени до 2000 калории.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *