Како лесно да го подобрите квалитетот на спермата?

20 септември, 20140
4

Кога станува збор за зачнување на дете, жената има незаменлива улога. Но, и улогата на мажите и тоа како е битна. Токму квалитетот на спермата одредува дали жената ќе остане бремена и дали бременоста ќе биде здрава. Затоа, важно е да се знаат едноставните начини кои овозможуваат спермата да биде што поквалитетна.

Престанете да пушите

Пушењето може да го намали бројот на сперматозоиди и да предизвика нивно бавно движење. Затоа, доколку сака да ја зголеми плодноста, мажот треба да преснате да пуши цигари. Се разбира, треба да престанете да пушите и поради општо здравје, но секако препорачливо е да престанете да пушите барем три месеци пред зачнување на детето. За производство на нова сперма се потребни три месеци, па така сите промени кои ќе ги направите денес нема веднаш да се одразат на спермата, туку за три месеци, пишува parents.com.

Намалете го алкохолот

Не мора целосно да престанете, но ограничете ја консумацијата на алкохолот. Докажано е дека алкохолот го намалува производството на сперматозоиди и предизвикува негативни промени во спермата.

Посетете доктор

Доколку со партнерката се обидувате да зачнете бебе, секако се препорачува посета на доктор поради темелен преглед и утврдување на плодноста. Со докторот ќе разговарате за индексот на телесната маса, лековите кои ги користите, начинот на живот, можните генетски пореметувања, семејната историја на болести и останати фактори кои можат да влијаат на плодноста или да претставуваат потенцијален ризик за идното дете, како и што сè може да се направи за да се овозможи здрава бременост.

Намалете го внесот на кофеин

Во истражувањето во кое учествувале мажи од Данска откриено е дека бројот на сперматозоиди е нешто помал кај мажите кои пијат поголеми количини на газирани сокови и кофеин. Стручњаците препорачуваат мажите да ја ограничат консумацијата на кофеин, која опфаќа кафе, чај, чоколадо и енергетски пијалоци и тоа на доза од 300 mg дневно.

Намалете го стресот

Стресот може негативно да влијае на спермата. Важно е да се храните правилно, да вежбате за да се ослободи енергијата и напнатоста и во слободно време да практикувате активности кои опуштатат бидејќи токму тоа овозможува да се задржи стресот под контрола.

Проверете кои лекови ги пиете

Пред да одлучите да го почнете проектот наречен „бебе”, треба да направите листа на сите лекови кои ги земате, вклучувајќи ги и оние без рецепт, витамини и додатоци, како и со доктор да се проверат нивните нуспојави врз плодноста.

Внимавајте на токсините

Отровните хемикалии како тешките метали, оловото и хемиските отпадоци може да го зголемат процентот на оштетени сперматозоиди.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi