Магепсан круг на мозокот: Еве што се случува со вашиот ум ако постојано сте загрижени!

9 јули, 20141
Магепсан круг на мозокот: Еве што се случува со вашиот ум ако постојано сте загрижени!

Дали можете да го замолчите својот мозок? Британскиот филозоф Алан Ватс со помош на видео материјал објаснува зошто се грижиме и што се случува во нашиот мозок кога постојано сме загрижени.
Ватс загриженоста ја објаснува како “магепсан круг на умот“. Видеото кое го создал илустрира како изгледа циклусот на грижи.
Еднаш кога ќе научите да мислите, повеќе никогаш нема да можете да престанете. Огромен број луѓе својот живот го посветуваат на тоа својот ум постојано да го држат зафатен бидејќи за нив е ужасно непријатно да ја поднесуваат тишината – објаснува Ватс.
Доведете се себе си во фаза во која ќе бидете загрижени поради тоа што постојано сте загрижени….вели Ватс.
Погледнете го видеото, ќе ве изненади вистината за тоа како го поминуваме животот.

httpv://www.youtube.com/watch?v=emHAoQGoQic

One comment

  • филип

    3 август, 2014 at 10:12

    Иако е за поздравување чекорот преземен кон објавување на вакви информации, значајни за психолошкиот ред за билокој човек или граѓанин (во потесна смисла), сепак сметам дека не смее да не се забележи дека авторот на оваа статија има направено круцијални грешки. Алан Ватс е починат веќе 40-ина година и тој не го направил ова видео. Да, тој говори на истото и она што го говори е апсолутно точно. Она што не е точно е интерпретацијата на она што Алан Ватс го говори, од авторот на оваа статија.

    Со други зборови, авторот требало добро да проучи пред да интерпретира и толкува, бидејќи лесно води кон мisleading – најголемата грешка на човештвото (пред се иницирана од погрешната интерпретација на религиите), од која до ден денес, човештвото неможе да се ослободи.

    Загриженоста не е најголемиот проблем на човекот, туку илузијата за постоење на ентитет наречен „себе“ или „јас“, а за која сите луѓе се слепо закачени и целиот живот го поминуваат во нејзино култивирање (негување и потхранување). Да, луѓето живеат во психолошки неред т.е. ако сакате се психолошки растроени. Од моментот на раѓање на нивното дете, тие се обидуваат да го „воспитаат“, односно да му ја пренесат оваа илузија и му вршат најразлични притисоци (за негово добро, нели) додека неговата природно вградена интелигенција конечно не биде скршена и комформирана кон свет создаден од мислата. Би требало да пробаат со – ајде да видам што можам да научам од тебе, наместо да го трауматизираат преку врескање затоа што ја турнало чашата или застанало 50ина цм, полево од местото каде што ОНИ би сакале тоа да стои.

    Да скратам: Мислата ја создава реалноста, а реалноста не е исто што и вистината. Мислата неможе да допре до вистината, па кога мислата ќе запре, вистината е. Впрочем вистината е постојано тука, само е загадена од мислата и оттука не делува (не пробива). Но, кога мислата ќе запре (а е резултат на она што сме научиле низ животот, низ минатото), вистината може да продре и да делува. Вистината е интелигенција, љубов, сочувство итн. Мислата е хаос, неред, интерпретации и толкувања за љубов, толкувања и интерпретации за добробит (goodness) и сл. кои во срж се базираат на незнаење.

    Топло ви препорачувам да си го корегирате текстот, бидејќи доведува до заблуда. Посебно болдираниот текст, кој е се само не она што Алан Ватс го вели.

    Ако смеам да додадам, за сите они кои ги интересираат овие работи – само затоа што сте прочитале некакво книжуле и сте запамтиле неколку фрази и зборови, незначи и дека знаете за што се работи и дека разбирате што говорите – само затоа што сакате другите интелектуално да ги импресионирате. Навистина, искрено, процесот е личен, не се базира на романтицизам и позитивни мисли како што во најголемиот дел од книгите ќе сретнете. Е многу длабока и многу вистината работа, а сигурно не мистична.

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *