Најефикасниот пијалок за имунитет, убава кожа и прочистување

10 јануари, 20150
10

Сигурно сте слушнале дека сокот од алое вера има исклучително добар ефект врз нашето здравје.

Тајната на делотворноста на сокот од алое вера е тоа што изобилува со минерали, па така познат е по тоа што го намалува нивото на холестерол во крвта, помага при губење на вишокот килограми, го прочистува организмот, ја негува кожата, го подобрува варењето на храната и го зајакнува имунитетот.

Имено, алоето содржи ензими кои се одлични за дигестивниот систем и за отстранување на токсините од телото. Оваа билка изобилува и со бројни витамини, вклучувајќи ги А, Ц, Е, фолната киселина, Б1, Б2, Б3, Б6, како и Б12, витамин кој ја помага работата на мозокот и нервниот систем, а го содржат многу малку билки.

Од минералите, богата е со калциум, магнезиум, цинк, хром, селен, натриум, железо и калиум. Исто така, застапени се и аминокиселините и масните киселини, кои исто така го олеснуваат варењето.

Билката алое вера ја зајакнува и природната способност на телото да се бори со болестите и му помага да ги исфрли токсините од телото.

– Алое верата е одлична и во случај да чувствувате било каква субјективна непријатност. Ги смирува внатрешните органи и помага да се намали подуеноста, вели Медлин Шо, британска нутриционистка.

Сокот од оваа билка традиционално се користи за ублажување на изореници и псоријаза, но неговата полезност е далеку поголема, особено ако се внесува во организмот, а не само да се нанесува површински.

Со пиење на сок од алое вера, внесувате околу 200 активни состојки, вклучувајќи ги горенаведените витамини и минерали, со што несомнено придонесува за добар имунолошки систем, прочистување на оргнизмот и нега на кожата.

Синдромот на иритабилни црева и желудочна киселина се дел од нарушувањата кои ова растение успешно ги лекува.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *